ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев упати провокативна изјава кон Македонија, Пендаровски му одговори
Објавено во: Македонија 21 Април, 2022 21:30
НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРИЈА
Нови провокативни изјави доаѓаат од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев ги обвини македонските политичари за обид за градење идентитет врз основа на комунистички фалсификати, а не врз историски вистини. За реакциите во Македонија по отворањето на културниот клуб во Битола, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Радев утринава одговори дека кога веќе се зборува за фашизам, треба да се нагласи улогата на Михајлов – тој му се спротивставил на Хитлер да ја вовлече Македонија во, како што рече, братоубиствена војна со Бугарија.
„Не Иван Михајлов, туку други луѓе, во југословенската диктатура во Македонија, убиваа и протеруваа десетици илјади во концентрациони логори, само зашто решија да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ете тоа е вистински фашизам“, рече Радев.
На оваа изјава одговори неговиот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски.
„На територијата на Македонија никогаш немало концлогори, ниту тогаш, ниту денес. Бројката од десет илјади наводно убиени е лага, практично гола конструкција за политички цели“, рече Пендаровски.
ГРУЕВСКИ ДОБИ СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“
Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на првостепена казна затвор од седум години за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот од првообвинетиот во случајот „Плацеви на Водно“.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за перење пари доби казна затвор една година и три месеци, во која казна се засметува времето поминато во притвор. Јордан Камчев за перење пари е осуден со казна затвор една година во која му се засметува времето минато во притвор.
Кумот на Груевски, Ристо Новачевски, за перење пари доби алтернативна мерка условна осуда од три години. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ за перење пари алтернативна мерка казна затвор од две години.Eкс премиерот Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи и ја коментира пресудата за случајот „Плацеви на Водно“.
Тој вели дека Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година.ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ПОВИКАН ВО ОЈО
Во ОЈО денеска го повикале Петар Богојески од Македонски концепт за да даде исказ по кривична пријава која му ја поднела МВР.
Тој обвини дека случајот против него е политички прогон.
„Беше на писмено напоменато дека во случај да не се појавам, ќе бидам притворен и спроведен пред обвинител. Кривичната пријава се однесува на искажани политички ставови во јавноста, МВР констатирале „ксенофобија” (страв од странци) кај мене и поради истото одлучиле кривично да ме гонат и да се закануваат со притвор“, изјави Богојески.САД, ШПАНИЈА И ДАНСКА ВЕТИЈА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА
Уште две европски држави ветија воена помош за Украина. Велат дека нема да го напуштат украинскиот народ.
Данска ќе помогне со 90 милиони евра воена помош, а Шпанија со 200 тони воен материјал. При посетата на украинската престолнина Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Охрид, Струга, Берово, Крушево, Дојран за претстојните празници ќе бидат полни со гости.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




