ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рашковски доби ефективен притвор, јавноста е згрозена од врсничко насилство во Велес
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Април, 2021 20:48
РАШКОВСКИ ОД КУЌЕН ОДИ ВО ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР
30 дена притвор му се одредени на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој претходно доби куќен притвор, а обвинителството тогаш најави жалба.
Рашовски заминува во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор. 30-дневен притвор доби и на управителот на фирмата Инвока, за случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.
Обвинителството истрагата ја отвори во четвртокот, а во петокот Рашковски и Даниел Станчев беа изведени пред судија на претходна постапка.СЕ ПОЈАВИ ВИДЕО ОД ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС
Вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи.
На твитер осамна видео од профил Виќо инспектор, на кој се гледа како 12 годишно девојче од Велес е нападнато од своја врсничка додека телефонски бара помош од својата мајка, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството.МВР излезе со детали за насилството на малолетници во Велес, за кое се појави виодео, кое ја вознемири цела јавност.
Малолетничката која нападна девојче, како што се гледа на снимката, имала само 12 годинио, а два дена претходно нападнала и другои девојче.
Против нејзин родител кој има 39 години ќе биде поднесена пријава за негрижа на дете.МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИНФОРМИРАШЕ ЗА 47 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.
Регистрирани се 765 оздравени пациенти од:
Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 47 починати лица.
ОБВИНУВАЊА ЗА БОГДАНОВИЌ ДЕКА БИЛ ВО РЕСТОРАН
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Саша Богдановиќ. градоначалникот на Општина Центар, бил затекнат во ресторан во Дебар Маало во услови кога не е дозволено работење на угостителите.
„Вчера Саша Богдановиќ беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час. Ова е матрицата на СДСМ за непочитување на закони, Заев отвора хотели само за него, а Богдановиќ кафеани. Ова вчера беше брутално газење на законите од најверниот слуга на Заев, Богдановиќ“, тврди пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој тврди дека ова се случувало за време на полициски час и побара оставка од градоначалникот. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Саша Богдановиќ, за кршење на протоколите и законите.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





