ФАКТОР НА ДЕНОТ: Расте бројот на заразени, граѓаните брзаат да се вакцинираат
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Август, 2021 19:35
РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница - по 3, Ресен и Македонски Брод - по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.
Пријавени се 8 починати лица: по 2 лица од Тетово (66г и 72г) и Гостивар (67г и 72г), по едно лице од Скопје (65г), Прилеп (51г), Кичево (74г) и Велес (65г). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ ИЗГАСНАТИ, НО ИМА И НОВИ ЖАРИШТА
Активни во земјата се три поголеми пожари и тоа близу „Јасен“, над селата Дивље и Крушје и во прилепско Топлица.
Според Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на Македонија има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола.
Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.ГРУБИ ГО ОТКАЖА КОНЦЕРТОТ НА ПЛОШТАД
Откажан е големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор, потврди денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.
ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА ПРАВЕЛЕ СВАДБА, А ДРУГИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО
Македонски ковид свадби ги полнат болниците во охридско –струшкиот регион.
Младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршија во болница откако кај двајцата бил дијагностициран опасниот вирус, објави Алфа.
Полицијата ќе поднесе соодветни пријави на четири лица од гостиварско кои ја напуштиле државата, а имале решенија за самозилоација заради позитивни резултати на ковид тест.
Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.08.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





