05 Декември, 2025
0.0339

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Расте бројот на заболени во Тетово, Комисијата за заразни болести ја следи состојбата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2021 20:46

Добивај вести на Viber

РАСТЕ БРОЈОТ  НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВО ТЕТОВО

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата во Тетово по зголемениот број на заразени со коронавирусот. 

Министерството за здравство соопшти дека по зголемување на бројот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, за период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба  и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје. 

Зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти. 

Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ 21 ЗАРАЗЕН

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево - по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Oткако се зголеми бројот на заразени со коронавирусот во Тетово, микробиологот Никола Пановски ги советува граѓаните да бидат внимателни. 

ЗАЕВ СЕ ОСВРНА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека за владеачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што не се употребува уставното име во истата.

- Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, уставно треба да стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбуила, а таму е избегнато уставното име, рече Заев

Премиерот додаде дека Македонија ќе реагира за ословувањето како „северномакедонци“ од страна на Слави трифунов, чија партија „Има таков народ“ победи на парламентарните избори во Бугарија и дека очекува за брзо време да започне имплементацијата на патоказот.

ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА ДОНЕСОА НЕИЗВЕСНОСТ

Да, конечниот резултат на предвремените парламентарни избори сè уште не е познат. Разликата е минимална - 6515 гласа повеќе за ГЕРБ-СДС во 95,22% од пребројаните протоколи. Сепак, остатокот е навистина само од странство, и таму за Слави Трифонов 29 014 гласа наспроти само 8058 за Бојко Борисов, пишува актуелно.бг.

Очигледно е - ГЕРБ губи. Сосема први, помалку први, но за само 3 месеци Борисов и компанијата изгубија уште 200.000 гласови! Дури и да беа први, нема да има попрецизен опис на овој „успех“ од „симболичниот“. Загубата на уште 15 пратеници не им бега, а со ваква парламентарна група веќе збор нема дека не може да влезе како водечка моќ во каква било влада - не дека е можно ГЕРБ да влезе во која било влада во 46-от парламент.

ДЕЛТА СОЈОТ ЗЕМА ЗАМАВ ВО ЕВРОПА

Сите новозаразени  во португалскиот град Лисабон се со делта сојот. 

Сите случаи во областа Лисабон и популарниот регион на јужниот дел на Португалија, Алгарве се заразени со делта сојот. Со недели расте бројот на заразени во земјата, откако се отворија за посетителите од Европската Унија и Велика Британија во средината на мај.

Во извештајот на Националниот здравствен институт „Рикардо Хорхе“ стои дека делта варијантата на коронавирусот, прво идентификувана во Индија, опфаќа околу 86 проценти од случаите во Португалија, а дури сто проценти од случаите во Лисабон и туристичкиот регион Алгарве. Полицискиот час е на сила во 50 општини. 

Во повеќето европски земји се враќаат мерките за заштита. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Рударство, електро-енергетика, челичарници, телекомуникации, фармација, производство на автомобилски компоненти, производство на пијалоци, тровски ланец, специјалист за хостинг... Ова се дејностите во кои 17 компании лани во вонредните услови кои ги дефинира корона кризата успеале да создадат поголеми од 10 милиони евра ... Кои беа членови на златната лига?

„Браќа непријaтели“, вака беа оквалификувани македонско – бугарските односи во една анализа изминатите години, а сега очите се вперени кон Бугарија, каде се одржаа избори, и треба да се формира Влада.

Дивата сеча на Шара годишно нанесува неколку милиони евра директна штета, а последиците врз природата се огромни, се зголемува ризикот од ерозија и лизгање на земјиштетото што може да однесе и човечки животи. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите