06 Декември, 2025
0.0386

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рестрикциите остануваат, реакциите за пратениците кои дојдоа во Собранието во скафандери не запираат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Април, 2021 19:42

Добивај вести на Viber

ОСТАНУВААТ НА СИЛА РЕСТРИКЦИИТЕ

За Велигден и Бајрам ќе имаме полициски час од 21 до 5 часот изутрина. 

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за:

• во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел);

• забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

• да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала);

ИМА РЕАКЦИИ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ИАКО СЕ ПОЗИТИВНИ СО СКАФАНДЕРИ ДОЈДОА ВО СОБРАНИЕТО

Владимир Лазаревик, експерт по јавно здравје и поранешен заменик министер за здравство, вели дека нема видено поголема глупост од тоа позитивни на корона пратеници да одат на седници и да гласат во Собранието, и дека тоа е брутално кршење на законите.

Ова следува откако вчера во Собранието дојдоа и пратеници позитивни на корона, во скафандери, за да гласаат за законите од петтиот сет економски мерки, а за нив од Собранието и од владејачкото мнозинство тврдеа дека се испочитувани здравствени протоколи. 

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ вели дека знае зошто се гневни неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги нарекува неработници. 

Тоа, како што пишува Костадинов на својот фејсбук профил, е затоа што успеале да го изгласаат петтиот пакет мерки насочен кон закрепнувањето на економијата, и покрај, како што вели, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Мирјана Најчевска утрово преку фејсбук излезе со остра реакција, за, како што вели, „оние што се уплашија дека ќе се заразатр од пратениците, а се прават Собранието да не профункционира“.

ДЕНЕС ИМА 35 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип - 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1.

Регистрирани се 900 оздравени пациенти од:

Скопје – 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар – по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија – по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка – по 7, Ресен, Радовиш и Богданци – по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и Крушево– 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се подготвуваа за протест во вторник, но за истиот ден се најавува седница на која Владата треба да изгласа нова помош за поддршка на најпогодените сектори, тие кои беа затворени и во овој последен рестриктивен период. 

Иако овој месец април имаме невообичаено студено време, метеорологот Славчо Попоски вели дека за големиот христијански празник Велигден сепак ќе имаме убаво време.

Комичарите ќе останат без работа подолг период, не само поради неможноста за настапи во време на пандемија, туку и од циркузантските испади на политичарите.

Кога се знае како и се има со што полесно се пребродува корона кризата. „Македонијатурист“ лани вложи во акции и обврзници, а од дивиденди на своите акции наплати 439.000 евра, а од камати на депозитите уште 342.000 евра од камати

Во попладневните часови денеска во Македонија, од софискиот аеродром ќе биде донесена пратка со 10.000 вакцини од фармацевтската компанија Фајзер/Бионтек, уште 10.000 дози треба да пристигнат следниот понеделник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија