„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем 10 пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, искоментира премиерот.
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рестрикциите се олабавени, денес има 37 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2021
РЕСТРИКЦИИТЕ СЕ ОЛАБАВЕНИ ОД ДЕНЕС
Во Македонија, маските на отворено веќе не се задолжителни од денеска, но полицискиот час останува на сила до 15 јуни.
Македонската влада објави дека маските ќе продолжат да бидат задолжителни во јавниот и такси превозот, како и во сите затворени простори.
На спортски натпревари, присуството на публика ќе биде дозволено до 30 проценти од вкупниот капацитет, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5 - 2 метри.
Дозволата за организација на прослави, веселби и свадби согласно протоколи, наместо да влијае позитивно, ќе предизвика хаос во работењето и новото секојдневие, велат од Независната угостителска комора.НОВИ 37 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-1 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 90 оздравени пациент од: Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г,65г,56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.Повторно во Македонија имаме три града без коронавирус.
Дојран, Демир Капија и Пехчево се градови каде нема активни случаи на коронавирусот.Полковникот на АРМ кој со корона вирусот се зарази во Централноафриканската Република, по 22-дневна борба на Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска излекуван си заминува дома. Убавата вест ја објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска која вели дека е среќна завршницата на патешествието на потполковникот.
ЗАЕВ ГО ИСКОМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ИЛИРИДА“
Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ Клан рече дека „нон-пејперите“ и проектот „Илирида“ кој повторно се иницира се идеи во период кога затајува Европската унија.
ВЛАДАТА СО КАМПАЊА ЌЕ ГИ МОТИВИРА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека нема да останат неискористени вакцините од АстраЗенека кои треба неделава да пристигнат како донации од Грција и од Бугарија, а вкупно на број се 70.000, бидејќи како што нагласи, голем дел од граѓаните над 60 години не се вакцинирани. Очекува со кампањата за вакцинација против Ковид-19 да се зголеми интересот.
-Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани, но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени. Препораките и ставовите не ги креираме според тоа кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки, нагласи министерот Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.