ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се намалува бројот на инфицирани, жена од Тетово почина од Ковид 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Мај, 2020 20:11
ДЕНЕС ЕДНА ЖРТВА И ОСУМ НОВОЗАРАЗЕНИ
Во Македонија коронавирусот однесе уште еден живот.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Регистрирани се нови 21 оздравен пациент. Во Скопје 8 пациенти, во Куманово 6, во Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Кочани 1, Македонски Брод 1.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи, информира министерот за здравство Венко Филипче.
По градови во Скопје има 3, Битола 1, Велес 4.
Сега вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирус во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.Министерот за здравство Венко Филипче само што објави на својот профил на ФБ дека од следната недела започнува масовен скриниг на населението.
Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.ДЕН ДОНЧЕВ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, си поднел неотповиклива оставка до Владата, потврди тој за Фактор. Според образложението, функцијата ја напушта од здравствени и семејни причини.
Дончев стана директор во август 2017 година.ЗАЕВ БАРА ИЗБОРИ ШТО ПОСКОРО, МИЦКОСКИ ТВРДИ ЌЕ ПОБЕДАТ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Тв 24 изјави дека треба да се оди на избори, затоа што како што вели економијата, веднаш по здравјето на граѓаните е втора причина за да се преземе овој чекор.
Тој вели дека ако се чека, наесен изборите ќе бидат пречка за бизнисот.
Додаде дека мораме да имаме функционален Параламент, Влада, која ќе преземе одговорност за ситуацијата.
Заев вели дека кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Тв 24 изјави дека лекарите со оглед на условите во кои работат, добро се справиле со коронавирусот.
Тој ги пофали лекарите, и вели дека доколку имаат подобри услови, ќе реагираа уште подобро како одговор на епидемијата.
„Луѓе кои го знаат Венко Филипче го оценуваат како сосема коректен човек. Го охрабрувам по политичката кариера, да се врати да биде лекар“, вели Мицкоски.
Додаде дека доколку продолжи со политика, Филипче треба да внимава на јавни набавки.СЕ ОЧЕКУВА ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА
Народната банка очекува дека економијата на земјава же падне за 3,5 отсто, а ќе заздрави дури идната година, кога треба да порасне за 4,7 отсто. Ова се најновите значајно надолни прокеции на Народната банка, кои се слични со оние на Владата, којапрогнозираше економски пад од 3,4 проценти оваа година.
Главните две причини се тоа што ќе им оди лошо и на нашите најзначајни трговски партнери, но и фактот што и кај нас важат рестриктивни мерки кои ја намалуваат економската активност.КАТИЦА ГО ТУЖИ БОКИ 13
Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка го тужи Бојан Јовановски - Боки13 затоа што нелегално ја снимал во нејзиниот дом. Јовановски е првообвинет во случајот „Рекет“ за кој денеска во Кривичниот суд продолжи презентирањето на дополнителните докази. Тужбата од Јанева притоа беше презентирана во судницата.
Пред присутните кога се презентираа материјални докази била објавена фотографијата од Јанева како седи во дневната соба од нејзината куќа, а пред неа се гледаат банкноти евра.
По фазата на презентирање на доакзи следуваат и завршни зборови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Некои сектори полесно, а други потешко ќе се опорават од корона кризата.
Тешко е да се процени кога бизнисот целосно ќе се врати во нормала по пандемијата на Ковид 19. Овој неактивен период и немањето работа негативно ќе се одразат на периодот кој следи.Можеби угостителството, туризмот и транспортот беа директно и најмногу погодени од корона кризата, но таа не поштеди и многу други бизниси.
Намален обем на работење и пад на приходите, но и голема неизвесност како ќе се продолжи натаму, се проблеми со кои се соочуваат огромен број сектори.Кога инвеститорите ги разгледуваат финансиските извештаји на компаниите, обично секогаш се земаат во предвид три фактори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





