ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува Денот на трудот, коронавирусот однесе уште четири животи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Мај, 2020 20:02
ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА 1 МАЈ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ
Премиерот Оливер Спасовски вели дека оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од коронавирусот.
Додава освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето.
Со дополнување на Уредбата за поддршка на платите за април и мај, се потврдува, гарантира и засилува владината политика за спас на работни места и за достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците, информираат од Владата.
Во продолжението на 48-мата седница на Владата што се одржа денеска, 1 мај, донесена е измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, поради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.
КОВИД 19 ОДНЕСЕ УШТЕ 4 ЖРТВИ
Коронавирусот однесе уште четири животи.
Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 69 оздравени пациенти од корона вирусот и тоа во Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10 и во Гевгелија -1.
Потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава изнесува 1.494.
Од нив, оздравени се 807, а починати 81 лице.
Во моментов, бројот на активни случаи изнесува 606.ЗАПЛЕНЕТО ОРУЖЈЕ ВО БУТЕЛ
Aвтоматски пушки, пиштоли и хероин се најдени при акција во Бутел.
При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин.
Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
„Триесет години не крадат. Истите луѓе. Газдите не се газди. Олигарсите не се олигарси. Тие се само крадци кои со помош на политичарите успеваа да ограбат еден чесен и наивен народ. Си донесоа закони за да ги купат фабриките бесплатно, а работниците ги оставија на улица. Си делат тендери и проценти од парите од даноците што ги плаќаат работниците додека профитот го носат во даночни раеви. Цела држава, цел народ страда од таа спрега олигарси-политичари-судии.
Затоа што си направија и нивно судство. Како на берза си купуваат судии.
Првиот синдикалец Дарко Димовски вели дека ССМ и останатите синдикати нема да дозволат на товар на работниците да се реализираат најавените мерки за финансиска поддршка на компаниите за исплата на плати за април и мај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





