05 Декември, 2025
0.0704

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се предлага олабавување на мерките, ќе има свадби, а на отворено нема да се носат маски

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Мај, 2021 20:38

Добивај вести на Viber

НАЈАВЕНО Е ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи, објави министерот за здравство Венко Филипче. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

- Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

 - Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

 - Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

 - Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

- Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

 - Полицискиот час останува на сила.

Здравствените власти утринава соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи, по што Комисијата за заразни болести до владиниот кризен штаб ќе достави предлог за олабавување на антиковид мерките.

Освен што Комисијата за заразни болести препорачува од 1. јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, од самиот старт на јуни препорачува да се дозволаст свадбениоте веселби и прослави, но само на отворено, со не повеќе од 100 гости.

-Овие наши препораки се должат, како што неколку пати повторивме, на одличните бројки кои ги имаме во овој период. Намалениот број на новозаразени и празнењето на болничките кревети во ковид-центрите во моментов овозможува да дадеме вакви препораки. Значи до владиниот Кризен штаб препорачуваме од 1.јуни да бидат дозволени и прослави и свадби, но секако повторно под одредени протоколи. Ќе може да се прават само на отворено, на масите ќе може да седат и по 6 гости, дозволена е и музика, како на свадбите и прославите, така и во секојдневното работење на кафулињата, но само на терасите, посочува за Фактор д-р. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

ИМА 50 ЗАРАЗЕНИ И 18 ПОЧИНАТИ

Нови 50 позитивни случаи се регистрирани во последните 24 часа, објави денеска Министерството за здравство. Направени биле 2.955 тестирања. Најмногу новорегистрирани се во Скопје повторно, а починале дури 18 лица.

Од новозаболените од Скопје се 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистриран е 81 оздравен пациент, а статистиката за починати повторно е поразителна. Од 18 кои ја изгубиле битката 8 лица се од Скопје (имаат по 63 ,67 ,69, 72, 72, 77, 80 и 88 години), 3 лица од Тетово (75, 76, 78 години), 2 лица од Битола (84 и 88 години) и по едно лице од Прилеп (68 години) Кавадарци (79 години), Кочани (74 години), Радовиш (80 години) и Дебар (55 години).

Од пријавените, 7 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ЕВРОПА Е ВИНОВНА ШТО ТОЛКУ ДОЛГО ЧЕКАМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ

Премиерот Зоран Заев вели дека Европа е виновна затоа што чекаме 16 години пред вратите на Европската Унија.

Тој ја замолува Бугарија да даде поддршка на земјава. Премиерот порача дека секогаш се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но потенцира дека ова е билатерален проблем и така треба да се решава.

„Јас едно ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи. Ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други членки“, вели Заев. 

ПОЧИНА МАТУРАНТОТ ТОНИ САЛИ

Почина матурантот Тони Сали. 

Тој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени. 

„На 27.05.2021 околу 07:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари е пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираше полицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Работниците во Македонија добиваат само 35 отсто од она што ќе го сработат, односно добиваат само трошки од сработеното.  Тие се во многу понезавидна положба за разлика од работниците во Европа.

„Фершпед“ втора година по ред го држи приматот на компанија „лидер“ по исплатена дивиденда од друштвата кои делат дивиденда, а чии акции се тргуваат на сегментот берзанска котација. Годинава нето износот за домашни физички лица е 495 денари или 0,7 отсто од последната пазарна цена на таа акција

Собранието треба да ги избере новиот претседател и тројцата членови на Регулаторната комисија за домување. Владата го предложи Зоран Маџовски за претседател на оа регулаторно тело кое во јавноста стана познато најмногу по високите месечни плати.

АД Електрани на Северна Македонија донесе одлука да отповика тројца директори - членови на Управниот одбор на државната енергетска компанија која е најголем произведувач на електрична енергија во земјата.

И тие што забележуваат дека направиле многу пари забораваат дека здравјето нема цена, животот е бесценет, а парите се само средство. 

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, откако и официјално ги соопшти препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките од 1.јуни, даде и детални појаснувања во однос на ревакцинацијата на граѓаните со вакцината на АстраЗенека, кои првата доза ја примија во сеседна Србија кон крајот на март.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите