ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сретнаа Заев и Реџепи, избори засега нема да има

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021 21:11
СРЕДБА ЗАЕВ - РЕЏЕПИ
Премиерот Зоран Заев денеска бил на средба со пратеникот Кастриот Реџепи, кој не дојде на гласањето на доверба на Владата и со тоа практично го спаси парламентарното мнозинство.
„Премиерот Заев и пратеникот Реџепи уште еднаш ја потврдија заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја. Заев и Реџепи низ разговорот потенцираа дека во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразија уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот“, се вели во соопштението од Владата.
Двајцата соговорници биле согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во земјава се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.
СИНДИКАТОТ НА УПОЗ РЕАГИРА ЗА НАЈАВИТЕ МЕРКИ
Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението, укажувајќи дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.
Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата нова мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа. За влез на работното место, освен сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза, ќе може да се користи и сертификат за прележан ковид-19, како и негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.БУГАРИЈА НЕМА ДА НЕ ПОДДРЖИ ЗА ПРЕГОВОРИ
Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, соопштија од бугарското МНР за агенцијата БГНЕС..
Сегашниот проект за преговорачката рамка за влез на Македонија во ЕУ не ги содржи предлозите на бугарската страна и од тоа следува дека Бугарија не може да ја поддржи конференцијата.. Од бугарското МНР информираат дека минстерот за надворешни работи Светлан Стоев денеска ги примил амбасадорите на земјитеДЕНЕС ИМА 17 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“

МИЦКОСКИ: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка
