ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се утврдува дали жители на Тетово се заразени со јужноафриканскиот сој, нови рестрикции нема
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Јули, 2021 19:47
СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ЧЕТВОРИЦА ТЕТОВЧАНИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО ЈУЖНОАФРИКАНСКИОТ СОЈ
Според информацијата која утринава министерот за здравство, Венко Филипче, ја добил од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, се прават анализи за четири случаи од Тетово. Тие треба да се секвенционираат, рече министерот, нагласувајќи дека лицата се суспектни на јужноафриканската варијанта.
-Тоа значи дека, ете, има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање или нег. Утрово зборував со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во „Жан Митрев“ и нема информација дека има друг случај на делта варијантата, истакна министерот Филипче во просториите на Црвен крст каде што денеска беше отворен Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ НЕМА
Нема затворање и построги мерки поради новите соеви на коронавирусот.
Ситуацијата со коронавирусот е стабилна и нема потреба од рестриктивни мерки, ниту ограничувања за влез во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега фокус треба да се стави на вакцинацијата, а не да живееме затворени. ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се имплементираат 15- те мерки кои ги тие ги предложија за да се спречи ширење на делта сојот во земјава меѓу кои забрзување на процесот за вакцинација, зголемување на контролата на границите, достапност до тестови за целото население.
НАПРАВЕН УВИД ВО ГЕВГЕЛИСКАТА БОЛНИЦА
„Заспаниот имунитет” на 50 деца од Гевгелија им донесе инфекција на дишните патишта.
Тоа е резултат на помалку контакти со бактерии поради носењето маски и честата дезинфекција. Тим од педијатри денеска беше на увид во болницата каде што изминатиот месец се запишани дури 50 случаи на инфекција кај деца од Гевгелија и околината. Екипата од Скопје на децата им направи брзи ПЦР тестови кои сите беа негативни, изврши увид во документацијата на сите дечиња кои изминатиов месец имале потешкотии во дишењето и земале дополнителни материјали кои ќе бидат доработени на Клиниката во Скопје.
„Лично по нашите искуства сметаме дека заспаниот имун систем кај децата доведе до она што беше нормална патологија во февруари и март да го гледаме сега не само овде, туку и во други градови во земјава“, рече Софијанова.МНР ГО ОСУДИ БУГАРСКИОТ СПОТ СО ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ КОН МАКЕДОНИЈА
Министерството за надворешни работи денеска испрати реакција откако се појави уште еден бугарски провокативен спот во кој се споменува Македонија.
Партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во спотот има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“. И претходно, имаше спотови во кои се велеше дека „Македонија е бугарска“. Овие спотови предизвикаа реакции во земјава.
„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме.КУМАНОВЕЦ СИ ЈА СИЛУВАЛ ЌЕРКАТА И ВИДЕАТА ГИ ОБЈАВУВАЛ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Вистински ужас доживеало малолетно девојче од Куманово. Нејзиниот татко за кој сега има Наредба за спроведување истражана постапка во повеќе наврати годинава ја силувал, а дејствата ги снимал и ги објавувал. Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека настаните се случувале во мај и јуни годинава и побара притвор за осомничениот кој има 39 години.
„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица, стои во соопштението.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Еден од најуспешните бизнисмени од Кавадарци, Лазар Пончев, сопственикот на „Машинокоп“, потврди дека превземал 49 отсто од сопственоста на Хеленик Експлозивс Технолоџи (ЕЛТЕК), грчка компанија од Гребен, најбрзорастечка во минерството и експлозиви на Балканот за потребите на градежништвото и рударството.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





