ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, денес има 74
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јули, 2021 19:38
ЗА 24 ЧАСА ИМА 74 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово - 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.
Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.БУГАРИЈА РЕАГИРА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА
Бугарите се разочарани од македонските „црвени линии“.
Бугарија е разочарана од Резолуцијата која е изгласана вчера во Македонија за „црвените линии“ во преговорите.
Источниот сосед со жалење констатира дека таа доаѓа во моменти кога дијалогот меѓу Софија и Скопје, како резултат на вложените дополнителни напори, почнал да преминува во попозитивна и ветувачка фаза. Ова е наведено во официјалната реакција од Министерството за надворешни работи на Бугарија. Внимателно ќе ја анализираат содржината и од гледна точка на нејзината усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, но и во однос на нејзиното потенцијално влијание врз дијалогот меѓу двете земји.
„За Бугарија е целосно неприфатливо со вакви акти да се мотивира или да се оправдува неисполнување на Договорот од 2017 година, што би било спротивно на принципите на меѓународното право“, додаваат од бугарското МНР.СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ ЧЕТИРИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Социјалдемократите вчера на Извршен одбор искристализирале уште пет имиња кои ќе бидат нивни сигурни кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 17 октомври.
Се изнедриле имињата на Ѕвонко Пекевски за Берово, Борис Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Тони Делков за Неготино, како и на Даниел Крстевски за општина Ранковце.
„Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев преку својот ферјсбук профил.
Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува негово целосно заокружување.ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ТОПЛОТЕН БРАН
Скопската зоолошка градина се најде во фокусот на вниманието на Ројтерс.
-Дел од прилогот на светската новинска агенција Ројтерс за жешкиот бран кој деновиве го зафати Скопје. Животните како и луѓето имаат потреба од освежување во овие прежешки денови, наведуваат во објавата од ЗОО-Скопје.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





