ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шест луѓе починаа од коронавирус, заразена е и пратеничка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020
УШТЕ ШЕСТ СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КОВИД 19
Имаме 42 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој рече дека има 6 починати лица, двајца од Лабуништа, од Прилеп и Куманово.
Вели дека за првпат има случај во Кичево, со што сега имаме вкупно 908 заразени лица.
Министерот додаде дека за 24 часа се направени над 700 тестови.
Досега во земјава од појавата на епидемијата се направени над 9.000 тестови.
„Денеска е потврден пациент кој е вработен во лаборатоја во Клиниката за детски болести“, наведе министерот.
Двете бебиња на Инфективна клиника се стабилни.ЗАСЕГА НЕМА КАРАНТИН ЗА КУМАНОВО
Засега нема потреба, таму нема ниту јавен, ниту меѓуградски превоз, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за барањето на Кризниот штаб во Куманово за воведување карантин.
Министерот за барањето за карантин за Куманово, вели дека за засилени мерки, се води сметка од каде се новите заболени.
Вели дека следат што се случува и дека ако има поголем број случаи, ќе преземат и други мерки.
Филипче потсети дека за Велигден ќе бидеме во карантин.СЕ ЗАРАЗИ И ПРАТЕНИЧКА
Меѓу функционерите во државата регистриран е и втор случај на заразен со коронавирус.
Пратеничка од Прилеп e позитивна.
Станува збор за пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска.
Пратеничката викендов била задржана во болницата во Прилеп, кога ѝ се влошила здравствената состојба, но сега е добро.
Ги замолува граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита.ИНЦИДЕНТ ВО ЧЕНТО
Не го почитувале полицискиот час и затоа се приведени. Од Министерството за внтарешни работи вака го објаснуваат приведувањето синоќа во скопско Ченто. Сепак не наведуваат точно што правеле приведените тројца поради кои синоќа имаше и протести во оваа населба.
„Синоќа во 22 часот од страна на полициски службеници од полициската станица Гази Баба биле уапсени В.М.(19) од Арачиново, С.Р. (21) од селото Сингелиќ и 33-годишниот В.В. кој живее на улицата Алија Авдовиќ“. Тројцата се приведени поради основано сомнение за непочитување на ограничувањето на движење, велат од МВР.
Откако биле уапсени се собрала поголема група граѓани која на улците излегла да протестира.СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДЕБАР
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, како и Агим Нухиу и Славјанка Петровска од МВР, со хеликоптер тргнаа да го посетат Дебар кој после 10 дена без ниту еден новозаболен од коронавирусот излезе од кризната состојба.
Од вчера на териториите на општините Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како и во целата држава по поминати 30 дена од прогласување кризна состојба,
Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Главниот координативен кризен штаб, ги укина сите дополнителни мерки предвидени за територијата на споменатите две општини кои беа на сила според акцискиот план подготвен на 13 март 2020.РЕАКЦИИ ЗА РАСКОПУВАЊЕТО ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА
Експертот и добар познавач на Старата скопска чаршија, Василка Димитровска, денеска реагира дека прекопувањето на овој културно-историски дел од главниот град се прави со сите потребни дозволи, но дека се создал лош впечаток затоа што сето тоа се прави без најава во доба кога има ограничување на движењето.
„Повеќе луѓе ме прашаа, па проверив што се случува со Старата скопска чаршија. Ова е проект финансиран од Светска банка и имаат уредни дозволи од Управата за заштита на културното наследство и од Конзерваторскиот центар. Знам дека Општина Чаир денес во 13 ч. ќе има прес за ова, па да видиме што ќе кажат. По сета промоција која сум ја направила за чаршијата, се чувствувам некако ептен поразена. Ова требаше да биде најавено, како за граѓаните, така и за медумите“, напиша експертот на својот профил на Фејсбук.
Димитровска е магистер по археологија, директорка на „Хаемус“ - Центар за научно истражување и промоција на културното наследство, менаџер по културно наследство, и професионален туристички водич.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради епидемијата на коронавирусот, неизвесно е како ќе помине летово и дали граѓаните ќе можат да заминат на одмор надвор од земјата.
До 1 јули нема да има реализација на аранжмани преку агенциите, а за понатаму не се знае.Убеден сум дека не само што ќе се врати истиот, туку дека ќе дојде и поубав живот после кризата.
Верувам дека овие научени лекции уште долго ќе останат во колективната меморија на сите нас кои ќе ја пребродиме кризата и кои со нетрпение ги очекуваме новите предизвици на културно-забавниот живот во нашето Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во денешното интервју за „Фактор“.
Компаниите кои традиционално и во континуитет секоја година делат дивиденди покажаа отпорност на корона вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.