06 Декември, 2025
0.0679

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието нема да биде свикано, короната однесе уште два животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Мај, 2020 19:39

Добивај вести на Viber

СОБРАНИЕТО НЕМА ДА БИДЕ СВИКАНО

Уставниот суд оцени дека нема услови за враќање на Собранието. 

Мнозинството уставни судии оценија дека одлуката од 15 април да не се разгледува уставноста на одлуката за распуштање на Собранието е исправна и дека нема основа за понатамошно разгледување. 

Нивна заедничка констатација е дека Собранието може да се врати само со нов пратенички состав, односно после избори.

УШТЕ ДВЕ ЖРТВИ НА КОВИД 19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. 

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

КАЗНИ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ИГРАА ОРО ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Вкупно 30.000 евра ќе чини најскапото оро во историјата на Македонија, откако гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против соседите во Гевгелија кои ја прекршија забраната за движење за време на празникот Велигден.

Од 43 лица, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика, додека останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

ОЈО Гевгелија  ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.

НА 12 МАЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ24 потврди дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај. 

И претседателот Пендаровски минатата недела како гостин на Алсат најави дека лидерската средба би се одржала во периодот меѓу 10 и 12 мај и дека своето учество го потврдиле Мицкоски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и лидерите на албанските политички партии и од власта и од опозицијата, по телефонските разговори.

Тема на средбата би била расчистувањето на дилемите со работата на Собранието, техничката влада, важноста на уредбите и вонредната состојба, како и евентуалниот период кога би се одржале парламентарните избори.

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ДОБИ БЛЕРТА ПОЦЕСТА

Судот во Гостивар пресуди доживотен затвор за Блерта Поцеста, обвинета за убиството на сопствените татко, мајка и малолетна сестра. 

Тројното убиство е извршено во август 2018-та година во Дебар, а Поцеста веднаш избегала во Италија.

Има и пресуди за еден од нејзините помагачи кој ја возел со автомобил, додека за третобвинетиот, судот одлучил да го гони за друго дело, за Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Третообвинетиот всушност според обвинителството и ги дал пиштолот и 5-те куршуми на Поцеста која таа ги употребила за да го ликвидира сопственото семејство.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На нивите во струмичко, крај кој важи за земјоделски, има сѐ помалку аргати, затоа што и површините се намалуваат, но и сопствениците на поголеми насади ангажираат арагати само кога мораат.

Иво Крстевски сопственикот на „Пилот Травел“ и еден од најпознатите менаџери во склучувањето на аранжани со хотелите во Грција вели дека цените во популарните туристички центри за летување кај јужниот сосед може само да бидат поевтини во однос на ланската година, судејќи според актуелната ситуација што ја диктира епидемијата.

ТТК Банка покажа дека и мала банка може да има одлични резултати. Но покажа и друго, дека може да биде пример за транспарентно и отчетно работење преку објавувањето на податоците за платите и бонусите на најзаслужните за резултатите.

Јас сум многу поголем песимист во поглед на македонската економија од домашните институции. Моите очекувања се дека домашната економија ќе отиде во минус од 13,6 отсто, вели во интервју за Фактор професорот Марјан Бојаџиев, шеф на катедрата Бизнис Администрација на Универзитетот Американ Колеџ.

Државата можеби ќе изгуби милионски суми пари како и сите други земји поради корона кризата, пред се заради големата загуба во приходите поради помалку собраните даноци и зголемените трошоци за здравствениот сектор, но затоа и собра некоја „паричка“ од големиот број казни и глоби кои се наплатени од граѓаните кои не го почитуваа полицискиот час и мерките за самоизолација.

Неизвесноста и непредвидливоста на настаните е најголем „непријател” на бизнисот, па затоа не може прецизно да се каже колкавo ќе биде конечното влијание на оваа криза за нашата компанија, но и за прехранбената индустрија, воопшто вели во интервју за Фактор, Гоце Вангеловски директор на финансии на Битолска млекара АД.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија