ФАКТОР НА ДЕНОТ: СОНК го стави штрајкот во мирување, дел од наставниците се побунија против Неделков
Објавено во: Македонија 28 Април, 2022 21:24
СОНК ГО СТАВИ ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.
Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.
„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков, истовремено нагласувајќи дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.
Тој е убеден дека платите ќе бидат зголемени колку што бараат и дека дневниците нема да бидат скратени колку што траел штрајкот.НАСТАВНИЦИ СЕ СОБРАА ПРЕД СЕДИШТЕТО НА СОНК
Членови на СОНК излегоа пред седиштето револтирани затоа што штрајкот го ставаат во мирување и од утре учениците треба да продолжат со настава. Рекоа дека се собрале спонтано и се чувствувале изиграни од претседателот Јаким Неделков. Тие викаа „Оставка, оставка“.
Наставниците велат дека се маргинализирани веќе 10 години. Kaжаа дека и натаму ќе си ги бараат своите права. Наставниците се пожалија дека и родителите се однесувале вулгарно, ги навредувале. Велат дека Неделков не ги консултирал за да го стави штрајкот во мирување.
МИЦКОСКИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, КОВАЧЕВСКИ Е ПРОТИВ
Уцени не прифаќам, себичните амбиции на Мицкоски не ме засегаат, вели премиерот Димитар Ковачевски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача да размисли за предвремени избори.
Вели дека ова е втор пат како Мицкоски се обидува да го уценува. Ковачевски додава дека него му се поважни интересот на граѓаните и државата.ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ
Одекнаа експлозии во украинската престолнина. Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Пожари има во две високи згради. Гутереш и тимот се на безбедно. Русија во повеќе наврати се закани дека може и Киев да биде мета, но и дека ќе одговори за сите кои се мешаат во војната.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




