ФАКТОР НА ДЕНОТ: Статус кво, нема напредок во разговорите меѓу македонските и бугарските историчари
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2021 20:16
СРЕДБАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ ЗАВРШИ БЕЗ НАПРЕДОК
Постојат писма каде што Делчев се чувствува како Бугарин, но има и писма каде се изjaснува како Македонец, изјави историчарот Драги Ѓоргиев вечерва во Само интервју на Канал 5.
Тој вели дека има тенденција да се наметне бугарскиот наратив.
„Последите два дена беше една тешка исцрпна средба, во која за жал повторно нема резулати и повторно дојдоа до израз различни пристапи во работата и различните пристапи во разгледувањето на учебниците и евентуалното давање препораки. Веќе симптоматично е дека работата на комисија влегува во еден методолошки ќорсокак и за ова треба да се разговара во наредниот период“, рече Ѓоргиев.
Вели дека за 5-6 средби нема резултати.
И кај бугарската страна има незадоволство бидејќи нема напредок.
ВО СЕДУМ ОПШТИНИ НЕМА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТВо седум градови во земјава нема заболени од коронавирусот. Расте бројот на општини каде нема активни случаи.
Во Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран немаат заболени.
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи, има 30 оздравени и 2 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИ ЗА „ДВОЈНИК“
Од тројцата обвинети кои не ја признаа вината во случајот „Двојник“ за фалсификување на 215 лажни пасоши за членови на подземјето, одредена е една затворска казна од три години и две условни.
Кривичниот суд на Фарук Буки му одреди три години затвор, додека за Весна Колевска и Бранислава Владичевска беше изречена условна казна во траење од една година.
Претходно кај обвинетите кои досега признаа вина, шест добија затворски казни од 1 година и 7 месеци, до 2 години и 7 месеци, додека едно лице доби условна казна.БОГДАНОВИЌ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА
Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, по вчерашната реакција на граѓаните за сечењето на еден од најубавите дрвореди во Скопје при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, рече дека отстранети се осум дрва кои или биле шупливи или немале корен со што претставувале опасност за граѓаните.
- Ние кога најавивме, најавивме дека нема да фали ниту едно дрво на местото каде што било претходно. Тоа значи дека, доколку сме утврдиле дека одредено дрво е суво и исушено, нормално е дека треба да биде заменето со друго, рече Богдановиќ.
Градоначалникот вели дека денес има екипа на терен каде што се прават подготовки за засадување на нови дрва.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





