05 Декември, 2025
0.0443

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Свадби со строги правила, на гостите ќе им се мери температура

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2021 20:21

Добивај вести на Viber

СВАДБИТЕ ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ СО СТРОГИ ПРАВИЛА

Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар, ова е едно од правилата кои се содржани во Протоколот на организирање на свадби и веселби кој го усвои Владата на вчерашаната седница. Денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа рече дека за почитувањето на правилата ќе се грижи организаторот, а контроли ќе прават наделжни институции. Не се прецизираше колкави се казните ако не се почитува протоколот.

Во него стои дека организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.

На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.

МУЗИЧАРИТЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ

Музичарите не се задоволни со одлуката да се дозволи жива музика само на свадбите но не и во угостителските објекти.

Поради ова тие преку Здружението „Музика сега“ во петок, односно на 04 јуни годинава, најавуваат протести во Скопје и ги повикуваат сите кои работат во оваа индустрија да им се придружат. 

Вчера и НУК изрази несогласување од одлуката да нема жива музика во угостителските објекти, како и со дозволената гласност која според нив е на пониско ниво од бучавата на автомобилите.

НОВИ 43 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-1 од:

Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.

Регистрирани се 48 оздравени пациент од:

Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО ТУРЦИЈА

Македонскиот државјанин Бобан Томовски, со престој во Берлин, Германија, соработник на нарко босот Седат Пекер, бил приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, пишуваат турските медиуми. Томовски бил приведен во обид да патува за Египет.

Во Турција има потерница по Седат Пекер како водач на голема криминална организација, а се претпоставува дека е тој избеган во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер. 

ЗАЕВ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ИМА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Ако успее дијалогот со источниот сосед, можно е на 23 јуни да се случи првата меѓувладина седница. 

Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се изнајде конечно решение за исчекор во спорот со Бугарија. Според него, има добра основа низ португалскиот предлог да се изнајде решение со Бугарија.

„Да замолам за решение на прагматични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји“, изјави Заев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ниту еден занает не е отпорен на корона кризата, а пандемијата придонесе да се намали бројот на нови занаетчиски дуќани.

Владата предложи нов таканаречен Интервентен план за инвестиции вреден над 8 милијарди евра до 2027 година. Додека се планираат јавните и приватните инвестиции во планот, а економските аналитичари со различни мислења изразија и сомнеж околу реализацијата - земјава континуирано брои слаби резултати кога странските инвестиции се во прашање.

Судскиот процес што се води против неа го нарече фатаморгана, со правни небулози и глумење на јавнообвинителско постапување. Фросина Ременски, професорка и поранешна висока партиска, но и државна функционерка, а сега обвинета во случајот Меѓународен сојуз, во интервју за Фактор зборува зошто смета дека во овој случај воопшто не постои кривично дело кај неа, ниту, пак, како што вели, таму има издржано обвинение. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите