23 Ноември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тетовец почина по две примени дози вакцина, денес има 39 нови заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

ТЕТОВЕЦ ПОЧИНА ИАКО ПРИМИЛ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Новинарката Магдалена Стојмановиќ, во групата Ковид 19 Совети и искуства на социјалната мрежа фејсбук, пренесе информација дека во земјава постои и случај на починат граѓанин од коронавирусот, и покрај тоа што бил вакциниран со две дози на вакцината.

Еве што напиша новинарката.

„На моја голема жалост, вчера ја примив вестта дека мојот колега од редакцијата „Мој збор“, Ристе, имал смртен случај во семејството, имено дека неговиот татко Милан Пауновски (61) преминал во тетовската болница како последица на коронавирусот.

Бев погодена од трагичното случување, прво зошто тешко поднесувам смрт на други луѓе, а второ затоа што длабоко сочувствував со болката на мојот драг колега и пред се пријател Ристе.

Дури му изразував сочувство дознав дека и тој, како млад човек заразувајќи се со опасниот вирус, тешко се справува со честите влошувања и се наоѓа на кислородна поддршка во тетовската болница, сместен соба до онаа во која татко му ја направил последната издишка.

НОВИ 39 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.839 тестови преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-252, Биотек-197, Систина-66, лабораторија Лаор-338, Синлаб-29, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа–10, Никоб лаб-559, ВФВ Медикал-18, Ели Медика-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.906.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

ИМА ЕПИЛОГ НА НАПАДОТ СО НОЖ ВО КАРПОШ

По насилниот инцидент во општина Карпош, во кој вчера сопруг на вработена во општината со нож го нападнал нејзиниот љубовник, исто така вработен во општината, градоначалникот Стефан Богоев и дал отказни решенија на сопружниците кои во Општина Карпош биле ангажирани со договор на дело.

Во текот на вчерашниот ден, Богоев информираше дека во немилиот настан учествивале вработени во општинската администрација.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонски дрвосечачи можат да аплицираат за работа во Хрватска.

ЕУ инвестираше големи суми пари за да им поногне на деловните луѓе од регионот да соработуваат и да го развиваат и унапредуваат својот бизнис. Стопанските комори беа носители на тој процес, па бројните договори за соработка што тие ги склучија придонесоа значително да се зголеми трговијата и на Балканот, но и нивната размена со Европската унија.

Огромен пораст на добивката и приходите на македонсдката компанија за пропизводство на масло за јадење, „Кристал 1923“ од Велес, или попозната како Благој Ѓорев. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип