15 Декември, 2025
0.3345

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tруење со храна се случи во „Димо Хаџи Димов“, меѓу децата е и синот на премиерот

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2025 22:21

Добивај вести на Viber

ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ИМАШЕ ВО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК, Марија Митева, портпаролката на Владата.

Тој и соучениците се чувствуват подобро.

„Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште“, изјави Митева.

ТРИ КАНДИДАТИ СЕ ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА СУДОТ ВО СТРАЗБУР

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска се предложени за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП). 

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур предложи тројца кандидати кои ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа и тој ќе даде конечна оценка. 

СУДОТ ГИ ПРИФАТИ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ МЕРКИ ЗА ТРАЈАН ДИМКОВСКИ И ДРУГИТЕ ОСОМНИЧЕНИ

Судија на претходна постапка ги прифати предложените мерки за претпазливост,вклучувајќи одземање патна исправа, на Обвинителството и за поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски и другите осомничени кои вчера беа приведени од полицијата.

Тие се осомничени за давање неточни информации на владата односно за злоупотреба на службената положба и овластување со стоковите резерви.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата одреди колкави количини на резерви од производите кои се предвидени да бидат дел од стоковите резерви треба да се чуваат. Со новиот предлог закон кој веќе е во Собрание, се предлагаат количини кои би биле доволни на среден рок.

Државното електростопанство направи неколку измени на раководните позиции, откако назначи нови директори на термоелектраната во Неготино и во скопското снабдување со топлинска енергија.

Минатата недела имаше поплави во ресенско, најавени се нови врнежи, а на овоштарите им се советува да си направат канал, доколку тоа досега не го сториле, со цел да ги заштитат дрвцата од вишокот вода. 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“