Судот ги прифати предложените мерки од Обвинителството за Трајан Димковски и другите осомничени
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2025 14:17
Судија на претходна постапка ги прифати предложените мерки за претпазливост,вклучувајќи одземање патна исправа, на Обвинителството и за поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски и другите осомничени кои вчера беа приведени од полицијата.
Тие се осомничени за давање неточни информации на владата односно за злоупотреба на службената положба и овластување со стоковите резерви.
Обвинителството бараше на осомничените да им се одземе патната исправа и да се јавуваат во суд.
Според обвинителството тие давале неточни информации до Владата поради што е направен отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви, а штетата на буџетот е околу 780 илјади евра.Осомничени во случајот се и поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, поранешен раководител во Агенцијата за стокови резерви и вешто лице.
Можеби ќе ве интересира
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот




