05 Декември, 2025
0.0612

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Училиштата нема да се затворат иако 14 деца биле позитивни, денес има 26 починати од корона во државата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Септември, 2021 21:04

Добивај вести на Viber

14 ДЕЦА БИЛЕ ПОЗИТИВНИ

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска брифираше дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 14 позитивни ученици на Ковид-19.

Таа додаде дека овие ученици не биле заболени во училиште, односно дека не биле затекнати како позитивни во текот на наставата и дека немало трансмисија.

- Тоа е морам да истакна 0,01 процент од вкупниот број на ученици во државата, затоа што во моментов со физичко присуство настава посетуваат повеќе од 233.000 ученици. 

Затоа посакувам само да овој процент остане во периодот кој што ни следи заради останување на најдобриот пристап, а тоа е физичкото присуство со почитување на протоколите, рече министерката.

Таа додаде дека нема да бидат посочувани во јавноста училиштата каде што има позитивни ученици.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 26 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.

Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5  починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г)  и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г) ,Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).

Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.

ВРАБОТЕН ВО МНР Е ПРИТВОРЕН ВО СРБИЈА

Македонски дипломат e притворен во Србија. 

Министерството за надворешни работи потврдува дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 aвгуст годинава. Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград за настанот. 

Надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство.

ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА СЕМЕЈНАТА КУЌА Е ВО ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА

Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата, нагласувајќи дека неговата семејна куќа е во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага, додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.

„Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав сѐ и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција“, рече Шилегов, а пренесува МИА.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ХОЛАНДИЈА

Од недела македонските државјани ќе може да влезат во Холандија со исполнување на сите три услови - сертификат за имунизација, негативен ПЦР тест и плус задолжителен 10-дневен карантин потоа.

Од европските земји, овој драстичен услов ќе ваќи и за Црна Гора и Косово.

„На 4 септември ќе стапат на сила голем број важни промени во врска со областите од многу висок ризик. Барањата за луѓето кои патуваат во Холандија од овие земји, исто така, ќе се променат.

Северна Македонија ќе биде означена за многу ризична област од 4 септември. Патниците од Северна Македонија ќе можат да влезат во Холандија само ако се целосно вакцинирани или спаѓаат во една од категориите за ослободување за забрана за влез во ЕУ. Од 4 септември, исто така, ќе се бара да го почитуваат задолжителниот карантин од 10 дена.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од утре по пауза од 19 години стартува националниот попис на населението, а прашалниците како акти од Заводот за статистика се донесени уште во февруари. Меѓу најстандардните прашања се оние за број на деца, брачната состојба и дали живеете во вонбрачна заедница, етничката припадност, вероисповест и мајчиниот јазик. Од попишувачот ќе бидете прашани и каде сте се родиле и каде сте живееле претходно пред да дојдете на постојната адреса.

Васка Барјамовска Мустафа добива уште еден мандат од осум години како заменик на Народниот правобранител во земјава.

ВВ „Тиквеш“ убедливо доминира на листата по приходи и според профит. Најсолидна профитна маргина имаат штипски „Езимит“,„Гоце Делчев Тиквеш“ од Кавадарци и Риго Импекс од Скопје. Генерално нашите големи винарии добро се справија со годината што ја одбележаа негативните ефекти од корона кризата

Тетово е на врвот на табелата по смртност со 106 починати пациенти до крајот на август, според последните податоци објавени од Министерството за здравство. Оттаму наведуваат дека епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население, а во Тетово во момент на избувнување на четвртиот бран на корона вирусот процентот на вакцинирани е само 19 отсто од населението.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски