20 Декември, 2025
0.1272

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Училиштата продолжуваат со штрајкот, а градинките ќе згрижуваат деца

Објавено во: Македонија 26 Април, 2022 21:28

Добивај вести на Viber

СОНК ОБЈАВИ ДЕКА ОД УТРЕ УЧИЛИШТАТА ПРОДОЛЖУВААТ СО ШТРАЈКОТ

Штрајкот во основното и средно образование продолжува и утре, градинките ќе работат. 

Претседателот на СОНК Јаким Неделков ja соопшти оваа информација. СОНК ги сумираше заклучоците од денешниот Совет на СОНК кој разговараше за вчерашните договори со Владата.

„Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет“, рече Неделков.

Министерот за образование, Јетон Шаќири е разочаран од одлуката на СОНК, од утре училиштата да продолжат со штрајкот, а градинките да работат. 

Пред канцеларијата на СОНК се собраа стотина просветни работници кои не сакаат да заврши штрајкот во основното и средно образование.

УБИСТВО ВО ЧАИР

Четириесет и седумгодишен маж синоќа почина од прострелна рана во чајџилница во скопски Чаир. Според соопштението на МВР, настанот бил пријавен околу 21:40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“.

„Во престрелката тешко е повреден Ј.И. (47) од Скопје, кој бил испратен во Клинички комплекс „Мајка Тереза“, каде околу 22:20 часот починал. Со повреди се здобиле и М.А. (43) и Љ.Ш.(42) од Скопје, кои се испратени со лекарска помош во Општата болница „Свети Науми Охридски“, се вели во известувањето на МВР.

ТЕНЗИЧНО Е И ВО МОЛДАВИЈА

Растат тензиите во Молдавија. 

Сепаратистичкиот регион на Молдавија прогласи црвено ниво на закана. Отцепениот молдавски регион Придњестровје го подигна своето „ниво на терористичка закана“ на црвено. Властите во Придњестровје, сепаратистички регион поддржан од Москва во источна Молдавија, денеска соопштија за експлозии во радио-телевизиската кула и прекин на емитувањето на руското радио.   

Придњестровските власти вчера објавија дека неколку гранати од рачен противтенковски фрлач се испукани врз седиштето на министерството за јавна безбедност во Тираспољ, главниот град на самопрогласената република. Повредени нема.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој преговара со Владата за зголемување на платите во целиот јавен сектор, со барање тие да се покачат линеарно за 2.806 денари за сите вработени, од најниското до највисокото ниво, смета дека постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК, иако е добро што се најде решение, ги стави во нееднаква положба директорите на училиштата и наставниците, односно разликите во платите меѓу нив сега ќе бидат уште поголеми. 

Еден од повредените во синоќешната престрелка во скопската населба Чаир итно бил пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, односно во старата Градска болница. Директорот, д-р Љубен Арсенков во изјава за Фактор вели дека пациентот е во добра здравствена состојба и се опоравува на Одделението за трауматологија.

Видно ослабена, освежена, со убава фризура и наочари за сонце, поранешната прва специјална обвинителка Катица Јанева, денеска објави фотографии од неа, односно селфи, како и од кафе кое таа го пие во некоја од кафетериите во земјава. 

Само 17 пензионери имаат пензии поголеми од 60.000 денари, а само 0,1 отсто имаат пензија повисока од 50.000 денари. Просечната земјоделска пензија не е ниту 8.500 денари, инвалидската пензија е пониска од 15.000 денари, семејната одвај надмина 13.000 денари,а воената што важи за највисока е одвај 385 евра. Просечната пензија во земјава за март годинава изнесува 266 евра! 

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на првата аукција не успеа да го продаде битолскиот хотел „Борец“, или познат како Хотел Битола, со почетна сума од 2,75 милиони евра по претходна дозвола од Владата.

Најголемата домашна пиварница ќе ги награди сите акционери со по 450 денари нето за секоја акција со право на глас. Ова е важна и позитивна вест затоа што за прв пат во три години Прилепска пиварница дели дивиденда. Поважно од дивидендата е тоа што речиси 1,2 милиони евра одат во нови инвестиции за освојување на подобри пазарни позиции

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки