ФАКТОР НА ДЕНОТ: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, денес имаме 913 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Ноември, 2020
СЕ СКРАТУВА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, објави премиерот Зоран Заев.
Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-459, Куманово-25, Дебар-1, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-1, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4.
Починати се 24 лица, двајца пациенти од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ГО ИЗВЕДЕ НАПАДОТ ВО ВИЕНА
Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер, вели австрискиот адвокат Николаус Раст кој во претходно судење го бранел убиениот терорист Кујтим Фејзулаи.
Тој раскажа дека терористот растел во сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе.
Адвокатот рече дека никогаш не би помислил дека Фејзулаи би можел да стане атентатор.
Раст го бранел Фејзулаи, момче со албанско-македонско потекло, на судењето во април лани кога е осуден на затворска казна од 22 месеци поради обид да се приклучи на организацијата „Исламска држава“ во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, но се покажа дека се обидел да отпатува во Сирија.
Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот.
За време на неговата затворска казна за дерадикализацијата се грижело здружението Дерад, а кон крајот на минатата година оцениле дека Фејзулаи повеќе не е опасен и е пуштен од затвор пред време.
20-годишниот Фејзулаи е роден во Австрија, но имал и македонски пасош затоа што потекнувал од тетовското село Челопек.ПРОДОЛЖУВААТ ЗАКАНИТЕ ОД БУГАРИЈА, МИЦКОСКИ НЕ САКА УЛТИМАТУМИ
Не можеме да внесеме нерешени проблеми во ЕУ и да ја легитимираме омразата кон Бугарија, вели бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја нашава земја.
Тој најави дека на оваа тема ќе разговара денес со својот германски колега.
Радев е на став дека ќе има одложување на преговорите.Писмен анекс на Договорот, но со содржина од бугарската Рамковна позиција.
Ова го бара бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во вонредното обраќање изјави дека oна што тој го кажа претходно, дека Бугарија бара анекс на Договорот за добрососедство се потврди денеска.
Вели дека за ова тој предупредувал. Ќе бара обединување затоа што со корените и историските факти нема преговарање.
„Ги повикувам овие есперанто политичари да не прифаќаат ултиматуми“, рече Мицкоски.
Кажа дека доколку тоа го направат, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поништи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.