ФАКТОР НА ДЕНОТ: Укинати се сите ковид мерки, но на неколку места ќе мораме да носиме маски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Мај, 2022 21:26
УКИНАТИ СЕ КОВИД МЕРКИТЕ, НО МАСКИ ЌЕ МОРАМЕ ДА НОСИМЕ НА НЕКОИ МЕСТА
Укинати се сите ковид мерки освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост.
Владата на денешната редовна 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
„Согласно овие предлози Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем“, велат од Владата.ОПРЕМА НА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИК ОД ЛЕТАЛО ПАДНА ВО НЕГОТИНО
Војнички ранец, најверојатно на припадник на безбедносните сили на САД, паднал од небото на кров од куќа вчера во Неготино. Огранокот на Левица известува дека опремата паднала од летало. Инаку во близина на Неготино е армискиот полигон Криволак.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдуваат инцидентот и откриваат дека е нанесена материјална штета која ќе биде надоместена.СЕ СЛУЧИ СООБРАЌАЈКА ВО ПРИЛЕП КАДЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ РАБОТНИЦИ
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со полициски увидни екипи, утрово извршиле увид во населбата Точила каде се случи сообраќајна незгода меѓу два автобуса.
Според првичните сознанија, во едниот автобус, освен возачот немало други патници, додека во другиот се превезувале 20-тина работници кои се пожалиле на полесни повреди.НОВИ ЖРТВИ ВО УКРАИНА
Нови жртви има во источна Украина. Најмалку десет луѓе загинаа денеска, а 15 се повредени во руски напад на хемиската фабрика во градот Авдеевка. Информацијата ја потврди гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко.
Тој предупреди дека бројот на жртви може да расте.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





