26 Ноември, 2024
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ИНЦИДЕНТ СЕ СЛУЧИ ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА

Полицијата и јавното обвинителство го расчистуваат случајот со украдениот мртовец во Струмица. 

Пациентот на 49 годишна возраст е примен во амбуланта во тешка состојба, а го донеле неговата ќерка и сопругата. 

По дваесетина минути тој починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот сосе кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и заминале во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, го осудил овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Не се знае дали починатиот бил заразен со коронавирусот. 

Во текот на денот на улиците на Струмица имаше тепачка, но не се знае дали се работи за луѓето кои го грабнале починатиот човек. 

МЛАДО МОМЧЕ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1. 

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г). 

ПРАТЕНИЦИТЕ НА БЕСА ЌЕ БИДАТ НЕЗАВИСНИ

Пратениците од БЕСА неофицијално во допис го известуваат собранискиот спикер Талат Џафери дека ќе дејствуваат во коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни од пратеничката група и ќе ги застапуваат интересите на својата партија.

Четворицата пратеници на БЕСА успеаја да ги добијат пратеничките места токму преку коалицијата со СДСМ, односно можеме. 

Потпишани се Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадиљ Зендели и Бастри Бајрами, според документот, односно барањетпо што го објавија медиумите. 

Тие тврдат дека ова не значи напуштање на коалицијата.

ОСМАНИ ВЕРУВА ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИТЕ

Јас не сум песимист за односите со Бугарија и се надевам дека историчарите како и досега ќе најдат заедничко решение, рече на денешната пресконференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, на новинарското прашање каков е планот на земјава после Меморандумот на Софија и дали имаме конкретен план како ќе се приближат ставовите на двете земји во поглед на Гпоце Делчев, и како Бугарија да не ги блокира преговорите за членство на земјава во ЕУ

„Планот е точно предвиден и запишан во Договорот за добрососедство со Бугарија. Во тој Договор во челн 2 пишува дека Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија и ние ќе настојуваме да се почитува тој договор, и затоа инсистираме целата комуникација да се одвива во рамката која го предвидува Договорот, бидејќи тоа е заеднички интерс на двете држави“, рече Османи. 

Тој нагласи дека додека двете траектории беа испреплетени, ниту имаше резултат во надминување на разликите во интерпретирањето на историските фигури, ниту имаше напредок во политичката и економската комуникација меѓу двете земји. 

УБИЕЦОТ НА САЗДО ЕКСТРАДИРАН ОД ГЕРМАНИЈА

Денеска од Германија, како што веќе објави и МВР, е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо на 29.06.2018. Ј.Љ, како што е познато, веднаш по убиството избега од државата.

Македонската полиција, по распишаната меѓународна ппотерница активно трагаше по Ј.Љ и откако бил лоциран, била контактирана германската полиција која го привела. Детали очекуваме во текот на денот од МВР.

„Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презел соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За околу една година има шанси Скопје да биде домаќин на еден голем светски настан. Престижниот Форбс размислува во земјава да го организира следниот Самит „30 под 30“, мега ивент кој ќе биде посветен на младите успешни и иновативни луѓе, лидери, кои го менуваат светот и чии идеи, деловен дух и креативност се и тоа како значајни за светскиот економски развој. 

Во Беровско, оваа година има добар род на аронија и слива, но берачи многу тешко се наоѓаат, раскажуваат производителите.

Македонскиот бисер ова лето беше главно прибежиште во КОВИД-19 ера на туризмот со оглед на затворените граници и ограничувањата за патување во странство како и ризикот од заразување, речиси секој го посети Охрид.

Министерството за внатрешни работи ќе потроши над 2,8 милиони евра за гориво за полициските возила во следните две години и тоа само за одреден број градови и полициски станици во земјава.

Сè уште не е решено дали во основните училишта ќе профунционира целодневен престој за децата кои физички ќе посетуваат настава. Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок не препорача целодневна настава додека не добие податоци од Министерството за обрзование за тоа колкав е бројот на децата кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав