22 Октомври, 2024
0.0319

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условни казни добија седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

УСЛОВНИ ЗА ЛИЦАТА КОИ УПАДНАА ВО М-НАВ

Седумте лица кои упаднаа во „Македонски навигации“ за да се пресметуваат со членови на синдикатот на контролата на летови и со тоа го загрозија авиосообраќајот на македонското небо, добија условни казни од кривичниот суд, објави Обвинителството. Како причина за ваквата санкција се наведува дека „немало трајни последици од кошкањето“.

„Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На шестмина од обвинетите за стореното кривично дело им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. 

НАЈЧЕВСКА БАРА УСТАВЕН ДА РЕАГИРА ЗА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА СИЉАНОВСКА - ДАВКОВА

Експертот за човекови права, Мирјана Најчевска, го повика УСтавниот суд да реагира на потегот на кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова да го отстрани уставното име од интернет страницата на институцијата.

„Мислам дека Уставниот суд треба да ја повика на одговорност Гордана Силјановска затоа што со отстранување на името на државата од официјалната страна на претседателот (https://pretsedatel.mk/) таа делува спротивно на надлежностите на претседателот на Македонија дефинирани во Уставот“, реагира Најчевска

Претходно, министерот за правда во заминување Кренар Лога реагираше за истата ситуација.

ЗНАМ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА МИНИСТРИ

Движењето ЗНАМ за наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада. 

Според коалициониот договор, ЗНАМ би добил две министерски места, а партијата ги предлага за министер за правда Игор Филков, а за јавна администрација Горан Минчев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Опитно поле при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје неодамна се засадени 400 примероци локални сорти грав. 

Во изградба на станови и куќи во текот на минатата година биле вложени над 820 милиони евра. Само градежните компании инвестирале скоро 600 милиони евра, додека пак граѓаните, кои исто така се јавуваат како градители вложиле над 220 милиони евра.

Некогашниот гигант кој го градеше дел од проектот „Скопје 2014“, „Бетон“ иако е две години во стечај, уште должи повеќе од 24 милиони евра. Ова го увиде „Фактор“ во базата на податоци на Централен регистар. Голем дел од овие пари уште им се должат на банките кои први реагираа како доверители пред две години.

Официјалните податоци покажуваат дека големите синџири супермаркети се најважниот канал на продажба за стоки за широка потрошувачка. 

Вчера беа објавени две блок трансакции со акциите на нашата најголема нафтена компанија „Макпетрол“, од кои едниот на прилично значаен износ.

Што се случува со цената на акцијата на Комерцијална банка. Иако е факт дека цената на таа хартија од вредност и од порано постојано оди нагоре, и е убедливо најтргувана акција според берзанскиот промет, неминовен е впечатокот дека последниве два дена, односно завчера и вчера, акцијата на Комерцијална банка фантастично расте и се вивнува во нестварни височини.


Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ