05 Декември, 2025
0.0616

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Утре ќе се знае дали Пауновски ќе биде разрешен, а за Велигден и Бајрам нема ограничување на движењето

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Април, 2021 20:56

Добивај вести на Viber

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ СТОЈКО ПАУНОВСКИ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН

Премиерот Зоран Заев вели дека утре на владина седница ќе го потврди она што го најави, а тоа е да биде разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Разрешувањето на Пауновски ќе биде една точка на дневен ред на утрешната владина седница. 

Заев всушност како од пушка одговори на новинарското пшрашање за Пауновски, што значи дека се подготвувал за ова прашање и за сите закони и прописи, кои, како што рече не ги почитувал, а требало, Пауновски. 

Вели дека причина за тоа е што Пауновски не ги почитувал законите, а не го почитувал ни етичкиот кодекс.

Сепак, Заев утре ќе ги прими на разговор пазарните инспектори од ДПИ, кои до него ќе ја достават петицијата, со која се бара да не биде сменет Пауновски, и ќе го информираат за сите успеси што инспекторатот ги постигнал за време на менаџирањето на Пауновски.

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ МОЖЕМЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ДВИЖИМЕ

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција пред Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ ги кажа новите препораки за рестриктивните мерки според кои полицискиот час ќе почнува од 21 часот наместо како досега од 20 часот, но за време на верските празници Велигден и Бајрам да не важи, односно граѓаните да може слободно да се движат

-Утрово се донесени нови одлуки за нови рестриктивни мерки кои ќе важат во следниот период. Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки, потенцираше денеска Филипче.

СПАСОВСКИ ЈА ПРЕЖИВЕА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата. 

На седницата „за“ гласаа 11 пратеници, 60 беа „против“, а пратениците на ВМРО - ДПМНЕ не гласаа. 

Вкупно гласаа 71 пратеник.

Пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја поднесоа интерпелацијата.

ДЕНЕС ИМА 37 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во:

Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија - по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.

Регистрирани се 856 оздравени пациенти. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

До крајот на 2022 државата ќе треба да ги зголеми резервните капацитети за уште 20 килотони моторен бензин, 60 килотони дизел и помеѓу осум и девет килотони мазут. согласно директивите на Европската унија за нафтени резерви.

Подадената рака од Србија, која донираше вакцини за дел од македонските граѓани, во мигови кога на земјава и беше најтешко, бидејќи вакцини немаше буквално од никаде, можеби најдобро ни покажа колку ние во регионот треба да се држиме заедно и да си помагаме едни со други.

Комисијата за заразни болести на денешниот редовен утрински состанок не донесе заклучоци, односно нема конкретни предлози во однос на рестриктивните мерки за претстојните празнични денови.

„Макпетрол“ и годинава на ниво! Ќе дели иста дивиденда како и во 2019 година. Ова особено добива на тежина и е за почит затоа што е голем аргумент за односот на менаџментот на „Макпетрол“ кон неговите акционери.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија