ФАКТОР НА ДЕНОТ: Викенд полицискиот час почнува во 19 часот, се бара одговорност за собирот во Струга
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Мај, 2020 20:22
УТРЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПОЧНУВА ВО 19 ЧАСОТ
Владата на тековната 50-та седница донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре (09.05), во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот.
Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот.
ТЕТОВЕЦ ПОЧИНА ОД КОВИД 19
Денеска се регистрирани 20 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Има и еден починат пациент од Тетово на возраст од 61 година. Тој починал во болницата „8-ми Септември“.
Направени се 242 тестрирања во последните 24 часа и се потврдени се 14 нови случаи на Ковид 19.
Сега имаме 1.586 дијагностицирани од почетокот на епидемијата во Македонија.КАТИЦА ЈАНЕВА НА СУД СЕ БРАНЕШЕ ДЕКА НЕ ЗЕЛА ПАРИ
Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева се оградува од обвинението на обвинителката Вилма Русковска, а случајот „Рекет“ го нарече монтиран процес.
Вели дека против неа нема докази, и се правдаше дека не примила пари. Јанева кажа дека никој не влијаел кај неа за да ја олесни положбата на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Империја“.
Екс обвинителката кажа дека Камчев сам се интересирал дали е таргет на СЈО и се нудел да помага на обвинителството. Јанева изјави дека Врховниот суд во март го ослободи Камчев од домашниот притвор.
Таа очекува ослободителна пресуда, а нејзините адвокати тврдат дека обвинението нема докази.
Со ова не се согласува обвинителката Вилма Русковска.СЕ ПОЈАВИЈА НОВИ АУДИО „БОМБИ“
Повторно излегуваат аудио бомби. Дали тоа укажува дека одржувањето на изборите во јуни станува се поизвесно.
Денеска излегоа четири аудиоснимки на кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на три години затвор за аферата „Рекет“.
На четири објавени снимки се слушаат разговори помеѓу Мицкоски, Кичеец и извесна женска личност. Од разговорите се добива впечаток дека тие се направени за време на првиот круг од претседателските избори во 2019 година, бидејќи цело време се споменува датумот 21 април, како и дека Мицкоски и Кичеец договараат стратегии за соработка за претседателските избори, но и за после тоа.
Од разговорите се слуша и дека Мицкоски и Кичеец соработувале и претходно и дека Кичеец за него вели дека бил добар извршител и дека се што му било кажано било завршено.ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ГРУПИРАЊЕТО НА ЛИТИЈАТА ВО СТРУГА
Струшкото јавно обвинителство побара од полицијата да се идентификуваат и повикаат организаторите на вчерашната Литија во Струга во која масовно зедоа учество голем број на граѓани во период кога се забранети јавни собири.
ОЈО Струга соопшти дека е отворен предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи од масовното присуство на граѓани на Литијата по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија. Издадена е и наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти заради идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот.
Граѓаните ги прекршиле и правилата на потребно растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното, се наведува во соопштението.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Се уште нема информација кога ќе се отворат класичните обложувалници и казината.
Македонија во 2019 потрошила дури 12.000 тони повеќе од штетниот и нееколошки мазут како нафтен дериват.
Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Сметката за редовно работење на политичките партии Движење БЕСА, ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





