ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вирусот „коси“, неколку членови на тетовско семејство починале од корона
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Септември, 2021 21:07
МАКЕДОНИЈА И ДЕНЕС ИМА ВИСОКИ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.724 тестирањe, а регистрирани се 760 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.
Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од:Скопје – 219, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22,Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга,Крива Паланка , Делчево ,Богданци ,Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
НЕКОЛКУ ЧЛЕНОВИ НА ТЕТОВСКО СЕМЕЈСТВО ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Дури четворица членови од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, потврди за Слободен печат доктор Миранда Пајазити.
Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според едпидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една недела.
ЗАЕВ И ДИМИТРИЕВСКИ ГИ КОНФРОНТИРААТ СВОИТЕ СТАВОВИ
Премиерот Зоран Заев за прв пат ја искоментира одлуката на Максим Димитриевски да оди независно на локални избори како кандидат за градоначалник на Куманово и рече дека по автоматизам таквата одлука, според статутот на СДСМ, значи исклучување од владеачката партија.
Претседателот на СДСМ додаде дека самата партија му овозможила на градоначалникот на Куманово да направи политичка кариера и дека формално ќе биде исклучен на следниот централен одбор на партијата.
- Максим тргна против Максим. На централен одбор треба да го констатираме тоа што Максим го направи. Тоа го знае Максим, Статутот не е од сега направен. Однапред се познати правилата.По изјавата на премиерот Зоран Заев, дека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на следната седница на Централниот одбор на СДСМ ќе биде исклучен, реагираше веднаш Димитривески, кој праша како може раководството на партијата однапред да ја знае одлуката на Централниот одбор, пренесува ТВ 21.
-Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум сеуште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации. Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Милиони садници ќе бидат засадени на местата кои во август годинава беа зафатени со пожари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





