ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави протоколите, а Ковид 19 однесе уште три жртви
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Мај, 2020 19:08
ОБЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ПРОТОКОЛИ
Владата ги објави протоколите со мерки и препораки кои треба да се почитуваат од граѓаните и правните субјекти при денешното отворање на шалтерите на обложувалниците, моловите, започнувањето на авто-школите со работа, тренинзите итн.
По изменетите Уредби денеска започнува втората фаза од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, усвоен со вчерашната одлука на 51-вата седница на Владата.
Во продолжение се приложени сите точки со мерки и препораки од шестте протоколи.
ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ
1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
9. Тренингот да се обавува на отворен простор
ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА ТРОЈЦА
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, но и 20 новозаболени, информира Министерството за здравство. Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19.
МАЛИШЕВА ОТКРИВА КАКО СЕ СЛУЧИ ДИВО НАСЕЉЕ
Албанската емисија „Топ Стори“ направи документарен филм со Мухамед Красниќи, преживеаниот лидер од борбите со македонската полиција во кумановската населба „Диво Насеље“, кој во ексклузивен разговор од својата ќелија од затворот во Идризово вели дека групата не земала пари за терористичкиот акт, туку наседнале на националистичка реторика.
- Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети, Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во замка, го злоупотребија нашиот патриотизам, вели поранешниот член на ОВК познат уште како и Малишева за инцидентот кој ја потресе Македонија и регионот пред 5 години.
Тој вели дека мотив за терористичката акција не биле два милиони евра како што се тврди во медиумите, бидејќи „искусната“ група можела ако сакал, како што вели тој, да дојде до таа сума на пари на многу полесен начин.СВЕДОЧЕЊЕ ЗА 27 АПРИЛ
Антонио Кочков, припадник на ВМРО-ДПМНЕ кој претходно сведочеше на судењата за претепувањето на Зијадин Села и за упадот на 27 април во Собранието, денеска повторно беше во улога на очевидец во кривичниот суд но овој пат за организирањето на „крвавиот четврток“, при што рече дека во законодавниот дом отишол да се види со луѓе од партијата кои претходно му помогнале.
- Имавме вибер група преку која комуницираме и каде се кажуваше кога и каде треба да се собереме, изјави сведокот. Влегов во Собранието во салата. Бидејќи беше многу топло и веќе ме видоа дека сум присутен, сакав да си одам. Кога си одев, се качив по едни скали нагоре, зошто не знаев како да излезам. После се спуштив надоле свртев лево и всушност влегов во салата каде ги тепаа пратениците, рече сведокот на рочиштето.
Сведокот на барање на обвинителката Вилма Рускоска да каже со кој требало да се види, рече дека имало луѓе од партијата кои му помогнале и сакал да им се заблагодари и да ги поддржи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Образовните асистенти кои до средината на март беа ангажирани за работа со деца со посебни потреби во основните училишта во Скопје, останаа без денар во април и во мај.
На економистите никогаш не им било потешко отколку денес да предвидат колку точно ќе биде погодена економијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





