ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата нуди покачување од 10 отсто, просветните работници продолжуваат со штрајкот
Објавено во: Македонија 19 Април, 2022 21:33
СОНК ПРОДОЛЖУВА СО ШТРАЈКОТ
И покрај повикот од Владата, просветните работници нема да го прекинат штрајкот.
Штрајкот продолжува, соопшти Јаким Неделков од СОНК.
„СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели Неделков.
ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ МАКРАДУЛИ
Откако денеска Владата го разреши Јани Макрадули од директорската позиција во Пошти, тој даде краток коментар за ТВ21.
„Мислам дека адресата за прашањето за разрешување е таму каде ме разрешиле. Убаво попладне и секое добро”, вели Јани во коментар за ТВ21.ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТАМАРА
Обвинителството одлучи да не ги гони екс директорите на Фондот за здравствено осигурување за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес.
Денеска го повлече обвинението против тројцата обвинети, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази како директори на Фондот во тоа време и Елена Трпковска како претседател на управниот одбор кои ги товареше за злоупотреба на службената положба, објави Телма.ПОЧНА БИТКАТА ЗА ДОНБАС
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека почна битката за Донбас која долго се спремаше.
Тој изјави дека нема да се предадат, и ќе се борат до крај. Во Донбас зоната на воени судири се протега цели 480 км. Американското разузнавање објави дека руските сили значајно ги засилиле своите сили во источна Украина, минатите денови, по повлекувањето од поширокиот регион околу главниот украински град Киев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




