18 Декември, 2025
0.0920

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка, а Левица суспензија на Tалат Џафери

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2022 21:15

Добивај вести на Viber

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА НАВРЕДИТЕ И ПЦОВКИТЕ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Политичката партија Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на собранискиот претседател Талат Џафери, за кого се појави аудио снимка на која тој пцуе и навредува вработени. 

Иако поминаа два дена,  велат дека Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски  вели дека се срами што воопшто познава таков човек каков што е собранискиот претседател Талат Џафери. 

Кажа дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во Собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто премиерот Димитар Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

СПЦ ЌЕ ЈА ПРИЗНАЕ МПЦ?

СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија, па така по 55 години расклоп, пишува српски „Курир“.

„Српската црква ќе ја признае македонската во рамки на Охридската архиепископија. Тоа сакаше да го направи и самата, но вселенскиот патријарх итно ја донесе оваа одлука за да му припадне благодарноста за признавањето. Признавањето од СПЦ ќе значи и сериозни промени, а тоа ќе биде повлекување на архиепископот Јован“, пишува медиумот.

Вселенската Патријаршија пред неколку дена ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска. 

УКРАИНЦИТЕ ГИ ПОТТИСНАА РУСИТЕ ОД ХАРКОВ

Во Харков сега е мирно и луѓето се враќаат, потврди градоначалникот Ихор Терехов за Би-Би-Си. 

Тој изјави дека Русите се повлекле од областа на градот Харков во правец на руската граница. Градоначалникот кажа дека руските трупи само еднаш успеале да влезат во мал дел од клучниот североисточен град. 

Вода, гас и електрична енергија е обезбедена за сите граѓани.  Сепак, потребна е реконструкција затоа што многу станбени згради се уништени. 

ТУРЦИЈА СЕ НУДИ ДА ГИ ЕВАКУИРА БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ

Турција се нуди за евакуација на ранетите борци од фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол. 

Во интервју за Ројтерс, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин изјави дека пред две недели во Киев лично разговарал за предлогот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ќе остане на маса, иако Москва не се согласува со тоа.

Луѓето евакуирани од фабриката ќе бидат транспортирани по копно до пристаништето Берџанск, кое исто како и Мариупол се наоѓа на Азовското Море, а турски брод ќе ги превезе преку Црното Море до Истанбул.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми