ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Септември, 2020
ВМРО-ДПМНЕ ИСПОРАЧА НЕКОЛКУ БАРАЊА ДО ВЛАСТА
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот изјави дека правдата во Македонија е нападната.
Вели дека една помината ноќ во затвор на невин човек е потешка од 10 години затвор на осуден криминалец.
„Ништо не се смени во овие 4 години. Тие како и пред 4 години ветуваат исти работи. 4 години живееме во состојба на „ќе“, рече Мицкоски.
Вели дека во оваа земја владеат законите на криминалците.
Тврди дека луѓе кои пишувале критички против власта се прераспределени од Скопје да работат во Кичево.
Мицкоски порача дека работите мора да се менуваат од корен и дека судството и обвинителството се клекнати на колена.
Бараат опозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител.
Да се спречи реваншизмот, и да се формира Комисија за заштита од дискриминација, и да се донесе закон.ДЕНЕСКА ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.ПОЧНА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ВО КОЈ РУСКОВСКА ГО ТУЖИ ВМРО-ДПМНЕ
Почна судскиот процес во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужи партијата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во спотовите за изборната кампања која заврши го злоупотребиле нејзиното име.
Во граѓанскиот суд денеска се одржа подготвително рочиште.
Русковска ги тужи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како лидер на партијата.
Таа поведе постапка поради двата спота во кои е прикажан нејзиниот лик како некој кој работи по диктат на СДСМ.
Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај обвинителката.СПАСОВСКИ ГО КАЗНИ ЗАЕВ
Некогаш не е лесно да се практикува функцијата. Некогаш мора да му се пише казна дури и на сопствениот партиски лидер.
Вчера, за сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, Министерството за внатрешни работи ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИМА 951 ПОЗИТИВЕН
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември 2020 година, тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 15.7% во однос на минатата недела.
Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 27,4%, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани -154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.