ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија 30 нови заразени, тепање на девојка во Штип ја згрози јавноста
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2020
ОТКРИЕНИ СЕ 30 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека има 30 нови случаи на заразени во коронавирусот во земјава.
Сега имаме 384 заразени лица во Македонија.
Осум пациенти се со потешка клиничка слика.
Неколку пациенти се добри, ќе бидат тестирани, по што е можно да бидат испишани и да заминат на домашно лекување.
Доктор психијатар од болницата во Демир Хисар е асимптоматски, но е заразен.
Центарот за ментално здравје во Прилеп кој управува со болницата ќе биде затворен.
„Капацитетот на Инфективната клиника е исполнет 50 проценти“, вели министерот.Сите случаи кај нас се должат на локална тансмисија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција.
Вели дека ова се покажало од случаите во целата држава.МОБИЛНАТА БОЛНИЦА Е ПОДГОТВЕНА
Со 130 кревети, мобилната болница која е поставена веднаш до Клиниката за инфективни болести ќе почне да функционира. Поставувањето траеше една недела, а активностите ги изведуваа Град Скопје, Министерството за здравство и Министерството за одбрана.
–Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви и кревети, истакна пред неколку дена министерот за здравство Венко Филипче.
НАСИЛНИЦИ ТЕПАЛЕ ДЕВОЈКА ВО ШТИПБлагој Бочварски, градоначалникот на Штип, на Фејсбук напиша дека е згрозен од неговите двајца сограѓани за кои беше објавено видео како насилно се пресметуваат со млада девојка.
„Почитувани сограѓани, Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град. Силно го осудувам овој одвратен, примитивен чин на насилство.
Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори“, напиша Бочварски.
Се забранува движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот во Србија.
Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Очекуваме во следните 72 часа да се зголеми бројот на заразени, за жал и на бројот на мртви“, вели вучиќ.
Денес умреле 3 луѓе, а 81 се на респиратор.
Вучиќ рече дека повеќе позитивни има во Белград. Ќуприја, Чачак и Ваљево.
Утре ќе стигне првиот авион со осум лекари и персонал од Русија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Приходите растат во континуитет, се подобрува пазарната позиција, се зацврстува позиционирањето на овој бренд на нашиот пазар.
На 1 април се формираше дебела снежна покривка во земјава, а се најавуваат и ниски температури кои може да ги измрзнат овошките.
Сепак, овие снежни врнежи нема да им наштетат на овошните насади во Малешевијата, затоа што таму дрвцата уште не се расцутени.За да се намали економскиот удар кој го зададе КОВИД-19 во регионот, владите на Балканот усвоија пакети за помош, кои вклучуваат заеми со нула стапка, одложување на исплати на кредити и даноци и стимулации за зачувување на работни места.
Секој работодавач да добие по 50 отсто од бруто трошоците по вработен, а дел од парите од приватните пензиски друштва, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.