05 Декември, 2025
0.0409

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија денес има 18 заразени, во Европа делта сојот брзо се шири

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јули, 2021 19:33

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ВО ЗЕМЈАВА ИМА 18 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 8, Скопје – 4, Гостивар и Охрид – по 2,  Радовиш и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 5 оздравени пациенти од: Тетово – 3, Скопје –  2.

Не се регистрирани починати пациенти.

ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ПЛАЦОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ

Во Кривичниот суд почна судењето против поранешниот премиер Никола Груевски, на кој ќе му се суди во отсуство, за плацевите кои според обвинителството, незаконски ги купил на Водно. 

Обвинителството бара конфискација на имотот на Груевски. 

„Груевски беше премиер повеќе од десет години. Во целиот овој период тој негуваше статус на лице кое е безимотно, нема возило, има заштеда од плата и живее во станот на мајка си. Сепак, содржината на снимените разговори упатува на сосема друга слика, дека Груевски поседува имот кој го запишувал и пријавувал на туѓи имиња, а вклучени биле и фирми регистрирани за таа намена", рече обвинителката Лиле Стефанова.

БЕСА СЕ ЗАКАНИ НА СДСМ

Партијата Беса му се заканува на СДСМ, така што бара поддршка за Билал Касами во Тетово за локалните избори или ќе има владина криза. 

Вчера висок партиски функционер на БЕСА за тв 24 изјави дека доколку премиерот Зоран Заев заземе страна на локалните избори меѓу нив и ДУИ, тоа сериозно ќе има последици по Владата. Заев најави дека за коалиција на локалните избори ќе има услови, и нема да биде бланко. Од ДУИ не излегоа со став за заканите на Касами. 

ДЕЛТА СОЈОТ ЈА „ОСВОЈУВА“ ЕВРОПА И СВЕТОТ

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка бележат зголемување на случаите на корона вирусот предизвикани од делтата варијанта, а ситуацијата може да се влоши во наредните недели, соопшти Светската здравствена организација.

Зголемување на бројот на инфекции е забележано во Либија, Иран, Ирак и Тунис, додека регионот оди кон „критична точка“, соопшти регионалната канцеларија на СЗО за Источен Медитеран.

СЗО предупреди и на можните „катастрофални последици“ од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој започнува во недела на 20 јули и традиционално се слави на големи собири, пренесува Си-Ен-Ен. Тунис, една од најтешко погодените арапски земји од делта сојот, повторно воведе карантин и побара помош од земјите од Арапскиот Полуостро, бидејќи како што велат властите во Тунис, нивниот здравствен сектор се соочува со „катастрофа“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Безмалку половина милион евра е вкупниот промет со акциите на Комерцијална банка, вчера на берзата. Има вложувачи, а расте и цената. Комерцијална банка имаше фантастичен старт годинава, а последните случувања на пазарот на капитал само може да значат дека податоците за второто тромесечје се уште подобри.

И покрај тоа што од ден на ден се зголемува бројот на новозаразените со корона вирусот, професорот Никола Пановски уверува дека Македонија засега е далеку од тоа повтрно да биде на црвената листа, дносно да биде високоризична земја. Во разговор за Фактор посочува дека засега сме во добра епидемиолошка состојба, но дека постои голем ризик, вирусот повторно да земе замав, пред се поради целосното олабавување на анти-ковид мерките.

Силекс Неметали СТ со низа милионски трансакции од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна да го наплаќа рекордниот договор од 30,5 милиони евра за изградба на браната „Речани“ што беше постигнат на два дена пред парламентарните избори 2016.

Оваа година, 979 невработени на кои Агенцијата за вработување им понудила работа го прифатиле ангажманот, а 128 одбиле.

Финализира присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка Македонија, процес кој со сите процедури траеше еден подолг период, но е сепак прв од ваков вид во банкарската историја на земјата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите