ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија има кластер со индиски сој, oвој сој се шири во Европа и регионот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јули, 2021 19:47
ВО ЗЕМЈАВА ИМА КЛАСТЕР СО ДЕЛТА СОЈОТ
Со делта варијантата на корона вирусот во една од приватните болници во Скопје се хоспитализирани трудница и нејзиниот свекор кој во Македонија допатувале од Шведска, објави денеска „Слободен печат“.
Како што пишува медиумот, уште шест-седум членови од ова семејство имаат симптоми, заради што се направени тестови и се чекаат резултатите.
Истовремено, во таа приватна болница, пишува „Слободен печат“се хоспитализирани и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на „делта“ сојот.
Медиумот дознава дека еден од повозрасните пациенти во болницата, вчера бил интубиран и неговата состојба е неизвесна од час во час.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирање, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 11, Скопје - 8.
Министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на болницата „Свети Еразмо во Охрид, изјави дека засега нема одлука за рестриктивни мерки на границите, иако, како што нагласи во однос на ова ќе разговара неделава со членовите на Комисијата за заразни болести. Посебно нагласи дека акцентот во македонија е ставен на вакциналниот процес, пред се поради тоа што нема информации за тежината на клиничката слика кај заразените со делта сојот.
РЕЗОЛУЦИЈАТА ПОДНЕСЕНА ВО СОБРАНИЕ, БУЧКОВСКИ Е СО РЕЗЕРВА
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе Резолуцијата во Собранието.
Се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Резолуцијата ја поддржаа најголемата владејачка партија СДСМ и помалите партии ЛДП, Левица, Демократскиот сојуз, ДОМ и Социјалистичката партија. ДУИ бара корекција на текстот и сте партии да ја усогласат содржината.
ИНДИСКИОТ СОЈ СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА И РЕГИОНОТ
Европа сега нема мир поради ширењето на индискиот сој.
Холандија повторно има голем пораст на новозаразени. За помалку од две седмици, дневниот број на позитивни тестови се зголеми скоро шест пати, а најголем број нови инфекции се откриени кај младите луѓе.Tрет ден по ред во Грција расте бројот на заболени од коронавирусот.
Денеска по пауза од месец и половина се регистрирани повеќе од 2.000 нови случаи на коронавирусот, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





