05 Декември, 2025
0.0364

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија пристигна најсовремената „коктел терапија“, денес имаме 26 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јули, 2021 19:48

Добивај вести на Viber

ВО ЗЕМЈАВА ПРИСТИГНА „КОКТЕЛ ТЕРАПИЈАТА“ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ОД КОВИД

Пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите "CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА), информира Министерството за здравство. 

Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија“. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 26 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, а регистрирани се 26 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 13 , Тетово – 5, Гостивар – 3, Кичево - 2 и Куманово, Прилеп и Штип – по 1.

Регистрирани сe 8 оздравени пациенти од: Струмица – 3, Куманово и Тетово – по 2 и Скопје - 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 2.866 тестови преку: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-52, Авицена-147, Биотек-152, Систина-79, лабораторија Лаор-178, Синлаб-26, Ремедика-16, Плодност–31, Генеа–3, Никоб лаб-652, ВФВ Медикал-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.286.

Досега во земјата се направени вкупно 920.045 тестирања на Ковид-19.

СЕ НАМАЛУВА ДДВ-ТО ЗА СТРУЈАТА 

Се намалува ДДВ-то за електрична енергија. Со 83 гласа „за” денеска во Собранието е усвоено намалувањето на ДДВ на струја од 18 на 5 проценти. 

Власта планираше пониското ДДВ да почне да важи од 1 јули за да се ублажи ударот од повисоката цена на електричната енергија, но тоа ќе се случи дури по објавување на измените во Службен весник. 

За јули граѓаните ќе добијат повисоки сметки затоа што за претходниот период ќе им биде тарифирана повисоката цена на струјата без намален ДДВ. 

ЛЕВИЦА ЌЕ ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО

На повидок е нова блокада на Собранието. 

Пратениците од Левица не го виделе законското решение за државјанствата, но во знак на револт најавија блокада со амандмани на сите закони кои ќе ги предлага власта. Ги повикаа и останатите опозициски партии да го следат нивниот потег. 

„Оваа Влада очигледно само јазикот на силата го разбира“, рече Борис Крмов, пратеник од Левица. 

Законот за државјанство стигнал во Собрание со европско знаменце, но освен од Алијанса за Албанците досега никој друг не го видел. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Високите температури кои деновиве се искачија и до 40 степени во делови од Македонија, им создадоа дополнителна работа на земјоделците кои сега мораат многу почесто да ги наводнуваат нивите. 

Инаку во првиот квартал од годинава државата успеала да собере во буџетот од ДДВ безмалку 213 милиони евра, а во цела пандемиска 2020 година по овој основ во буџетот инкасираше нешто над 762 милиони евра. Во 2019 година, нето платениот ДДВ во буџетот изнесува 846 милиони евра. 

Министерството за финансии го објави списокот со приходи, односно загуби и добивки на јавните претпријатија и државните акционерски друштва во 2020, на кој може да се види дека покрај оние редовните кои секогаш неизбежно се во „дупка“, оваа година има и такви кои бележат голема негатива иако претходно работеле финансиски стабилно.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите