ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија заразени 70 луѓе, казни за оние кои не ја почитуваат изолацијата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Март, 2020
НОВИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека ќе се обединат капацитетите на двете лаборатории во Институтот на јавното здравје и Жан Митрев.
Направени се 43 теста, а 3 се позитивни денеска.
Сега имаме 70 заразени, рече Филипче.
Една пациентка патувала во Србија, бабата на девојчето од Штип е позитивна, и еден пациент од Скопје. Заболени има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.
„Сите пациенти се со стабилна, лесна до средна клиничка слика“, рече министерот.
Жената од Дебар која е на апарати за дишење е во критична фаза.
Во земјава досега се направени скоро 900 теста за Ковид 19.КАЗНИ ЗА ЛУЃЕТО КОИ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ИЗОЛАЦИЈАТА
Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид, a ОЈО предлага казна од 3.000 евра.
Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Швајцарија. Жената сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво.
Претходно, и други граѓани за истото добија кривични пријави.МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ВЕЌЕ ПРАВАТ МАСКИ
Текстилните компании во земјава почнаа со производство на заштитни маски. Станува збор за висококвалитетни маски кои почнаа да се произведуваат во една прилепска фабрика, а денеска првите маски ги произведе и фирма од Македонска Каменица.
Текстилна конфекција од Македонска Каменица, „Текстил М“ почнала со производство на висококвалитетни повеќенаменски заштитни медицински маски, јавуваат медиумите.
Првите 100 произведени медицински маски денеска од конфекцијата биле доделени за потребите на Општина Македонска Каменица.ПЕНДАРОВСКИ ГО ЗАВЕРИ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Инструментот за пристапување на Македонија во НАТО.
Потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.
Македонија од Алијансата доби известување дека сите ратификации од земјите-членки се депонирани во Вашингтон.
Со депонирање на нашата ратификација Македонија станува 30-та земја-членка на Алијансата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако е прогласена вонредна состојба која ќе трае еден месец за да се спречи ширењето на коронавирусот, такси превозниците се загрижени затоа што веќе трпат загуби.
Патници има многу малку, и затоа стравуваат за својата егзистенција.
Стопанството активно ќе продолжи да ги следи мерките од Владата, но потребно е итно да се преземат и дополнителни мерки во корист на македонските компании.
Состојбата со ширењето на коронавирусот наметна живеење по други правила. Сите сектори се на голем удар.
Во обид да бидат тестирани од коронавирусот, голем број луѓе се обидуваат да ги добијат Центрите за јавно здравје, но безуспешно.
И по неколкупати инсистираат, тим да дојде и да им земе брисеви, но велат дека им било кажано, да останат дома, и доколку се влоши состојбата, тогаш да се јават повторно.
Вработените во гигантот од слободните економски зони „Џонсон Мети“ се известени од утре да не доаѓаат на работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.