08 Мај, 2024
0.0294

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во модуларната во Тетово имало спој на продолжен кабел, Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

СПОЈ НА ПРОДОЛЖЕН КАБЕЛ ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. 

Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.

Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.

Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

ЗАЕВ НЕ ГИ ПРИФАТИ ОСТАВКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ И ХАСАНИ

Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки за пожарот во модуларната болница во Тетово. 

Заев вели дека министерот за здравство, и заменик министерот, Венко Филипче и Илир Хасани направиле многу и спасиле илјадници животи. 

Тој  денеска на прес - конференција изјави дека ќе се засилат контролите во модуларните болници. Заев кажа дека го имал во предвид целокупниот професионален ангажман на Филипче и Хасани. 

„Болката е огромна кај сите, но мора да мислиме не само за денес и за утре“, рече Заев.

Тој вели дека не сме единствена земја која се соочила со трагедии, и такви имаше во Романија. 

СТИГНА НОВА ГРУПА АВГАНИСТАНЦИ ВО ЗЕМЈАВА

Македонија со спасувачка мисија за уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ.

„Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот. 97 граѓани од Авганистан кои денеска пристигнаа во Скопје ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи“, велат од Владата. 

НОВИ 399 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6, Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5, Прилеп – 4, Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3, Неготино, Свети Николе и Виница – по 2, Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

ПЕНДАРОВСКИ Е ВО ПОСЕТА НА ГРЦИЈА

Има позитивен тренд на севкупните билатерални односи помеѓу двете држави, но постои и потенцијал за понатамошно зајакнување на соработката на секое поле. 

Ова меѓу другото било констатирано на тет-а-тет средбата меѓу македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, која се одржа денеска во Атина, по што се одржа и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

„Беше изразено задоволство дека двете држави го оставија минатото зад себе и се фокусирани кон иднината. На средбите, претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката од Хеленската Република која станува еден од најгласните поддржувачи на нашата интеграција во Европската Унија и изрази очекувања дека поддршката ќе се интензивира во наредниот период“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Работа во старт ап компанија од Калифорнија која работи на платформа за е-трговија ќе плати ИТ инженер од Македонија со месечна плата од 7.000 до 8.500 долари. Позицијата е отворена, а огласот трае до 10 октомври. 

На кафе трошиме повеќе од 20 милиони евра годишно. Производ без кој не можеме на дневна основа. Колкави заработки носи и колкав приход прави во анализата подолу

Граѓаните на Скопје ќе добијат парно греење во своите домови во четврток, дознава Фактор неофицијално. Според нашите информации, такви биле временските прогнози што ги испратила Управата за хидрометеоролошки работи за следните неколку дена, односно временската прогноза за четврток покажувала дека просечната дневна температура за тој ден ќе се спушти под 12 степени целзиусови. 

Владата ќе обезбедува бесплатен државен вифи на отворени јавни површини до април 2022 година со поставувавање на безжична локална мрежа, а носител на проектот треба да биде јавното претпријатие Национална радиодифузија.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија