05 Декември, 2025
0.0380

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во земјата има 68 нови позитивни, за Велигден ќе бидеме во карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Април, 2020 20:04

Добивај вести на Viber

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ

Порасна бројот на заразени од Ковид 19 во Македонија, 

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

       Скопје – 312
       Куманово – 200
       Дебар – 49
       Штип-27
       Прилеп –72
       Тетово – 33
       Струга – 43
       Велес – 30
       Битола –9
       Охрид –4
       Кавадарци – 3
       Гостивар –8
       Гевглелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-3
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 21
       Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

ЗА ВЕЛИГДЕН ЌЕ БИДЕМЕ ВО КАРАНТИН

За Велигден најверојатно ќе бидеме во карантин.

Од петок попладне до вторник наутро, за време на Велигденските празници да трае полицискиот час, е една од мерките која ќе се разговара на владина седница, а потоа ќе се размислува дали мерките ќе важат за следните викенди.

Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на отворена дискусија во Владата заедно со заменик-министерот Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.

Филипче повтори дека нема да биде ист начинот на живот, по намалувањето на рестрикциите.

Мерките ќе се намалуваат постепено. 

МАКЕДОНИЈА ВИКЕНДОВ Е ВО КАРАНТИН

Македонија викендов е во карантин поради епидемијата на коронавирусот.

На скопските улици скоро и да нема движење.

Може да се забележи полиција, а се движат само оние кои претходно имаат извадено дозволи. 

На граѓаните им останува на топлото пролетно време да седат на терасите.

НИНА АНГЕЛОВСКА СО ДЕТАЛИ ЗА МЕРКИТЕ

Meрката од 14.500 денари за април и мај за плати, може да се спаси многу работни места, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

Таа објасни дека газдите добиваат по 14.500 денари, износ кој се дава за покривање на плата, придонеси или за дел од плата. 

„Секоја компанија може да ги искористи тие 14.500 денари по вработен согласно можностите“, рече министерката. 

Вели дека мора да има комуникација, со цел сите да ја разберат мерката. 

ВУХАН СЛАВИ

Kинескиот град Вухан го прослави укинувањето на карантинот со вистински спектакл. 

Животот се враќа во нормала. 

Градот од денес повеќе не е во карантин, а тоа беше прославено со светлечко шоу. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите