24 Ноември, 2024
0.0436

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Втор ден по ред нема починати од коронавирусот, Maкедонија е на листата безбедни земји

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

И ДЕНЕС НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во Македонија втор ден нема починати од коронавирусот. 

Но, од почетокот на епидемијата во земјава, 5.472 луѓе ја изгубија битката со вирусот. 

Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19 од: Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.

Во девет градови во државата нема заразени со коронавирусот, а повеќе општини се со 1, 2, 3 случаи на коронавирусот. 

МАКЕДОНИЈА Е НА ЛИСТАТА НА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ 

Македонија е вратена на листата на ЕУ безбедни земји. 

Ова го пренесе агенцијата Ројтерс, наведувајќи дека Владите на Европската унија денеска се согласиле да ги додадат Соединетите држави на нивната листа на земји од кои ќе дозволат несуштинско патување, соопштија дипломатите на ЕУ.

Како што пишува Ројтерс, амбасадорите од 27-те земји на ЕУ го одобриле додавањето на Соединетите држави и на уште пет други земји на денешниот состанок во средата, а промената ќе стапи на сила во наредните денови.

Од државите кои се вратени на листата безбедни земји, ќе бидат додадени Албанија, Либан, Северна Македонија, Србија и Тајван, додека кинеските административни региони Хонг Конг и Макао ќе бидат вклучени со отстранет услов за реципроцитет.

На земјите од ЕУ им се препорачува постепено да ги укинуваат ограничувањата за патување за сегашните осум земји на списокот - Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

НЕМА ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ВО СКАФАНДЕРИ ДОЈДОА ВО СОБРАНИЕТО И ГЛАСАА 

Куртулија од обвинение пратениците кои во скафандери дојдоа во Собранието за време на пандемијата, за да гласаат за петтиот пакет економски мерки, Бисер Костадновска Стојчевска од СДСМ и Мирослчаб Богдановски од ДОМ. 

Од обвинение се спаси и спикерот Талат Џафери.

Кривични пријави уште тогаш против нив поднесоа опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица. 

ЗАЕВ ОДИ ВО СОФИЈА

Премиерот Зоран Заев, кој утре заедно со министерот за надворешни работи Бујар Омани и министерот за евроинтеграции, Никола Димитров ќе остварат средби со бугарскиот државен врв, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека е должен прво на граѓаните да им ги каже неговите лични очекувања, бидејќи не сака ниту за себе ниту за народот да ги зголемува очекувањата од тоа што е, како што потенцираше, реално.

-Зошто е реално? Заради тоа што во Бугарија нема ниту Парламент, ниту има политичка влада. Фала богу има желба за разговор и затоа ќе ја искористиме таа желба за разговори од страна на бугарската влада, а ќе имаме средби и со лидерите повеќе политички партии, најголемите… Се надевам тие ќе го прифатат тоа, а ќе се видиме со премиерот и со претседателот на државата и сите важни носители на одговорните функции, рече Заев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако мерките се олабавeни, а свадбите дозволени, се очекува дека ова лето печалбарите ќе си дојдат во земјава и ќе има поголем број на свадби, нешто што лани го немаше.

Многумина очекуваат дека во поднасловот ќе го прочитаат името на Кочо Анѓушев, еден од најуспешните бизнисмени од Велес. Но овој пат не е така. 

Владата ќе носи посебен Закон за решавање на банки, со кои Народната банка ќе има поголема моќ во процесите на решавање на одредени проблематични банки.

Владата на една од последните владини седници на 8 јуни разгледувала точка за преземање итни мерки за обезбедување еднократна неповратна финансиска подршка во износ од 150.000.000 денари на Јавното претпријатие „Национални шуми”.

Државата и досега наплатуваше еколошка такса, но давачката беше многу помала. Од вчера јасно е дека ќе има предлог со зголемување на висината на таксата да се зголемат буџетските приходи и како што вели предлагачот, да се стимулиа искористувањето на еколошки алтернативи и зелена енергија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип