ФАКТОР НА ДЕНОТ: Втора жртва на коронавирусот, се ограничува движењето на младите и старите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020 20:04
ПОЧИНА МАЖ ОД ДЕБАР ОД КОРОНАВИРУСОТ
Маж од Дебар кој имал 63 годиние втората жртва на корона вирусот во Макеоднија, соопшти Министерството за здравство. Починал синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Синоќа дошло до нагло влошување на состојбата, а ациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.
„Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал.
Пациентот немал позната историја на коморбидитет, велат од Министерството.ФИЛИПЧЕ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ И ЗА ПОЧИНАТАТА КУМАНОВКА
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека ноќеска на Инфективната клиника почина маж на возраст од 63 години од Дебар.
Тој рече дека луѓето кои имаат белодробни заболувања се во ризична група, но тоа може и да не биде правило. Во светот се покажало дека има различни случаи.
Во земјава има нови 22 случаи, а вкупно досега 81 лице има во Скопје, односно најголем број од заразените се од главниот град.
Од денес се во функција 14 центри за тестирање во целата земја.
Сите близу 1.200 матични лекари ќе бидат вклучени во процесот.Филипче денеска на прес-конференција рече дека документот кој се појави во одредени медиуми за починатата жена од Куманово, се наведува основна причина за смртност.
Вели дека за овој случај имал разговор со лекарите од Куманово, и тврди дека е направено се што можело за да се помогне.
Mинистерот соопшти дека денес има помал број заразени од претходно.
СЕ ОГРАНИЧУВА ДВИЖЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ И СТАРИТЕ ЛУЃЕВладата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, информираше вечерва премиерот Оливер Спасовски.
Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.
Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна во телевизиско гостување, премиерот Спасовски.
Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.
Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Најголем дел од мерките што вчера ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е извесно дека ќе бидат прифатени од Владата, велат владини извори.
Тоа ќе се случи многу бргу, но не се знае дали денеска или во следните денови.Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите, редиците пред помалите продавници за храна и пред аптеките.
Се купува во паника, а пандемијата од коронавирусот направи листа на најродавани производи.
Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министрите, на пратениците, но не и на сите вработени во јавниот сектор без некој правен основ, вели за Фактор, Борче Давитковски, професорот на Правниот факултет.
Капацитетот на Инфективната клиника засега е пополнет само со 25 процени . Поточно, исполнет е првиот кат со пациенти кои се болни од коронавирусот, и се целосно изолирани од другите пациенти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија





