ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 24 часа има 640 заразени, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за рестриктивните мерки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Октомври, 2020
ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ИМАМЕ 640 ЗАРАЗЕНИ И 12 ПОЧИНАТИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.
Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ВОЗДРЖАНО ЗА МЕРКИТЕ
Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека најголемата опозициска партија ќе направи кворум со присуство, но ќе гласа воздржано за предложените измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со кои треба да бидат донесени рестриктивните мерки против коронавирусот.
Станува збор за измени со кои на населението ќе му бидат забранети јавни собири по 22.00 часот, семејни прослави со број на гости поголем од четири души и задолжитечно носење на заштитни маски на отворено.
– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, изјави денеска Мицевски.
Пленарната седница, според најавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, предвидена е за 27 октомври.ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ
Бојан Јовановски - Боки 13 е префрлен на универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ поради што е одложено денешното рочиште за „Рекет-2“. Јовановски е првообвинет во овој случај за кој станува збор за невладината организација „Меѓународен сојуз“. Следното рочиште е закажано за 28 октомври
Бојан Јовановски е во болница од завчера, а таму е спроведен од затворскиот притвор.
Тој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а обвинети се и Јасна Мандиќ, таткото на Бојан - Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска.ЛЕВИЦА БАРА ДА СЕ ОСУДИ БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИЗАМ
Левица денеска со двајцата пратеници Димитар Апасиев и Ворис Крмов до претседателот на Собранието доставија предлог Декларација во 10 точки за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии. Партијата очекува точките да бидат прифатени од сите пратеници во Законодавниот дом.
Во Декларацијата се бара да се отфрли „бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската унија и процесот на асоцијација и стабилизација (септември 2020) упатен од страна на официјална Софија до земјите-членки на ЕУ, како недоличен шовинистички акт кои ги урива добрососедските односи меѓу двете земји“
Во предлогот што се бара да биде прифатен стои дека „Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно, суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ“ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.