23 Ноември, 2024
0.0293

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заразени 201 лице, ќе стигне донација од маски и респиратори

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

СКОК НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД 19

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека има 24 нови заразени со коронавирусот. 

Во Македонија сега има 201 лице кое е заразено со коронавирусот. 

Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. 

Еден пациент од Дебар си заминал дома, а се подготвува истото да се направи и со една жена од Скопје. И таа ќе замине на домашно лекување. 

„Со ова имаме тројца излекувани и тројца починати пациенти во земјава. Добра е состојбата и на пациентите од Штип“, рече министерот. 

Владата вчера донесе одлука со која се забранува движење за време на викендот од 16 до 5 часот наутро. 

„Ова е мерка која имајќи ги в предвид сите искуства од земјите во светот, е мерка која е единствена која дава добри резултати. Ограничување на социјалните контакти, избегнување на групирањата. Од следната недела ќе бидеме подготвени и за мобилните тестирања“, изјави Филипче. 

Нови респираторни машини ќе стигнат во почетокот на април. Ќе има и донација од Кина. 

Следната недела како донација ќе пристигнат маски и тестови. 

Заразен со Ковид 19 е регистриран и во Тетово. 

Човекот бил на клиниката во Козле, по што е упатен на Инфективната клиника во Скопје. 

Контактирани се сите лекари кои биле во контакт со него, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Засега тие луѓе немаат симптоми, а тоа се 14 здравствени работници и други 4 лица. 

ГУЖВИ ВО УЈП

Кредитите од Развојна банка создадоа метеж пред канцелариите на Управата за јавни приходи, по што оваа институција одлучи да го продолжи работното време. 

Развојната банка вчера најави бескаматни кредити за мали и средни претпријатија. Денес фирмите почнаа да вадат уверенија кои им се потребни за да ги добијат кредитите.

Од УЈП најавија дека ќе го продолжат работното време за прием на странки во регионалните дирекции, одделенија, шалтери и ќе работат од 8 до 14 часот.

Од УЈП треба да се добие уверение за платени даноци и придонеси. 


Фирмите до 10 вработени може да земат бескаматен кредит од 3 до 5 илјади евра, оние со 10 до 50 вработени – 10 до 15 илјади евра, а компаниите со 50 до 250 вработени – 15 до 30 илјади евра. 

СВЕТОТ СЕ БОРИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 488.055 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои починале 22.049. Сепак од некои делови на Европа, стигаат охрабрувачки информации. Според СЗО, постојат знаци на забавување ма ширењето на инфекцијата. За прв пат Швајцарија има поголема стапка на инфекција со новиот коронавирус во споредба со Италија и на 10.000 жители во моментот има 12,4 заразени лица. 

Според актуелните официјални податоци во Швајцарија има 11.028 лица, а починале 154.

Ковод-19 најверојатно е причината за смртта на 36-годишната Кеја Вилијамс, мајка на 3 деца во лондонската населба Пекам. Смртта настапила само еден ден откако нејзиниот сопруг повикал брза помош, но го одбиле со објаснување дека не е приоритет

49-годишниот Фабијан Вилијамс на лекарите во Итната медицинска служба им ги кажал симптомите, дека неговата сопруга има висока температура, сува кашлица и силни болки во градите и стомакот.

Италијанецот Фаусто Русо кој има 38 години и го преживеал коронавирусот, го раскажа своето искуство. 

Вели дека вирусот му помогнал да ги цени малите нешта, шетање, дишење, чаша вино. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Колку подолго ќе траат мерките за карантин, толку повеќе време ќе треба  „корона кризата“ да помине, вели за Фактор, хрватскиот политичар Иван Пернар.

Додава дека кризата ќе трае се додека доволен број не се зарази и не го преболи коронавирусот.

Двете најголеми градежни компании лани имаа дијаметрално спротивни години. „Гранит“ веројатно книговодствено гледано ја има најуспешната година во последните две декади, а приходите и ангажманите на „Бетон“ во слободен пад – речиси преполовени. 

Веројатно е до цикликата на градежниците која се генерира од отворени или привршени проекти.

Државата нема да им наплаќа данок на личен доход односно персоналец за март, април и мај на фирмите кои остваруваат доход од самостојна дејност а кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19. 

Нема да плаќаат и аконтации за данокот на добивка за тие месеци сите компании кои се во секторите кои се најпогодени од оваа криза.

Расте загриженоста кај луѓето се повеќе, исплашени се од ширење на вирусот и бараат од матичните лекари да им закажат тестирање за коронавирусот, велат од неколку ординации. 

Матичните лекари како посебен проблем ја издвоија неможноста да закажат тестирање на луѓето кои се во изолација, а кои според клиничката слика се здрави и треба да појдат на работа.

НЛБ Банка прва ја послуша препораката на Народната банка да не исплати дивиденда на своите акциоенри, од добивката што беше остварена минатата година, и со тоа да го надгради капиталот на банката.

Притоа, од добивката што ја оствари лани од 30,08 милиони евра, НЛБ Банка ќе внесе 27,19 милиони евра во нераспоредена добивка и 2,89 милиони евра како задржана заработувачка за инвестиции.

Падна вредноста на МБИ 10 индексот за над пет проценти денеска на берза. Тргувањето е во тек, но ова е прв ден откако се тргува по нови правила, кои впрочем значат дека се враќаат старите ограничувања за ценовни осцилации. 

Ако до вчера цените на акциите можеа да одат нагоре или надолу само до пет отсто, од денеска тоа повторно е десет проценти.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание