ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заразени се 35 луѓе, Пендаровски прогласи вонредна состојба
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2020
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Претседателот на државата Стево Пендаровски, на прес-конференција попладнево изјави дека прогласува вонредна состојба која ќе трае 30 дена, со цел да се заштитиме од ширење на Ковид 19.
Тој изјави дека Владата ќе треба да му поднесе извештај за преземени мерки.
„Од денес извршната власт ќе има зголемени надлежности, и ќе може да ги користи сите надлежности на државата“, вели претседателот.
Повика дека Владата мора да помогне на фирмите кои трпат огромни штети.
„Пред нас се тешки денови“, рече Пендаровски.СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
Вкупниот број на инфицирани со коронавирусот во земјава се искачи на 35, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, истакнуваќи дека во моментов се прават анализи уште на 30 лица. Доцна синоќа биле изработени анализите уште на четворица пациенти, кои покажале дека се позитивни на вирусот.
-Сите пациенти се со лесна клиничка слика. Стабилна е состојбата и на хоспитализираните на Инфективната Клиника, како и на пациентите во Дебар. Во стабилна состојба е и пациентката која во моментов на респираторен апарат.
Министерот истакна и дека, во авионот кој синоќа слета од Брисел имало индикација за тестирање на 12 лица, нагласуваќи дека тестовите се негативни кај сите.
-И овие патници се упатени во самоизолација, согласно мерките кои ги спроведуваме, рече Филипче.
Според него, најважно е навремено откривање на заразените, бидејќи, како што рече, еден здравствен систем може да колабира доколку се преполнат одделенијата за интензивна нега и го посочи примерот во Италија.ЗАТВОРЕН КОЛЕКТИВНИОТ КАРАНТИН ВО КРИВОЛАК
Министерството за одбрана го затвори колективниот карантин во Криволак, познат уште и како Пепелиште, кој требаше да прими во изолација околу 200 македонски државјани кои задоцнија со враќањето во земјата, по поплаките за лошите услови со кои се затекнале таму.
МО претпладнево ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак ќе бидат преместени на нова локација, по само 12 часа откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека во центарот се е подготвено за прифаќање на патниците.
КАКО Е НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА?
Во Словенија и Турција има по еден починат како последица на коронавирусот.
Турција вчера информираше за првиот смртен случај од коронавирус, а има вкупно 98 заразени во земјата.
Се работи за 89-годишен маж кој се заразил од вработен.Турција презеде голем број мерки за спречување на пандемијата, вклучително и суспендирање на авиокомпаниите, затворање на ресторани, кафулиња и училишта и факултети.
Властите најавија забрана на колективните молитви во џамиите.
Потврдени се вкупно 286 лица кои имаат коронавирус во Словенија до денеска во 14 часот, или за 11 повеќе од вчера, објави словенечката влада на Твитер.Европа во моментов е епицентар на коронавирусот, земјите секојдневно регистрираат нови заболени.
Рекордна е бројката во Белгија, каде само утринава се потврдени уште 243 нови случаи.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако Владата донесе одлука да се затворат границите и аеродромите во земјава, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, нагло падна работата во менувачниците.
Во повеќето македонски градови, сопствениците на менувачници велат дека на прсти се бројат луѓето кои влегуваат да купат или сменат девизи.
Очекуваат дека идните денови ќе биде уште полошо.Ако некого најмногу економски го погоди опасниот коронавирус, тоа се сигурно хотелите и рестораните, заедно со авиокомпаниите и туристичките оператори.
Така е во светот, а кризата предизвикана од ширењето на заразата и мерките за превенција што ги воведуваат сите држави без исклучок, се посилно го зема својот данок и во земјава.
Први жртви на економската криза поради коронавирусот се некои македонски работници. Во дел од домашните компании кои немаат доволно работа поради новонастаната ситуација на вработените им рекле дека ќе им ја намалат платата.Во некои ќе се работи со половина работно време и секако за половина плата.
Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот. Поголемиот дел од работниците се пуштени дома и тие во моментов ги користат преостанатите денови од одморот.
Што ќе значи за граѓаните вонредната состојба, која се очекува да ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.
Телефоните на нашата редакција и новинари се вжештија од повици на граѓани кои бараат разјаснување на каков начин сега ќе се смени нивниот живот.Компанија која има кредит од 250.000 евра е принудена да ги одјави своите 400 вработени затоа што нема приход и не може да им дава плата, а камоли да го плаќа кредитот, друга од услужниот сектор денеска ги одјавила 150-те вработени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.