ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бебе од Кочани заразено со корона, нови 46 случаи за 24 часа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020 20:18
БЕБЕ ЗАРАЗЕНО СО КОВИД 19
За 24 часа на Инфективната клиника се примени 5 нови пациенти, и сега се вкупно 68.
Со потешка клиничка слика се 20, а 7 се во критична состојба.
Ова го изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Вели дека примени се мајка и бебе од 4 месеци од Кочани.
Во „8-ми септември“, 5 луѓе се во тешка состојба.
„Во Битола има 4 кои се на болничко лекување, тројца се во стабилна состојба, на еден му е потребна кислородна поддршка“, рече министерот.
Во Штип има 4 луѓе во болница.
Направени се 341 тестирање за 24 часа, а има 46 нови случаи во земјава.
Притвореникот од Шутка кој починал бил позитивен.БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, ПА СКРШИЛ НОГА
Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полицијата за време на полициски час, а потоа завршил на Клиниката за трауматологија во Скопје, потврди дежурниот доктор Благој Митев за МИА:
На 30-годишникот, додека се движел со автомобил, му бил даден полициски знак да застане, тој продолжил да вози кон селото Марена, каде што излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да се скрие кај другар, но при скокот се здобил со две скршеници на потколеницата.
– Констатирав фрактура на потколеница која не е стабилна и во договор со дежурниот доктор на Клиника за трауматологија, пациентот беше испратен во Скопје на понатамошно лекување, појаснува дежурниот лекар.ГРАЃАНИТЕ ЗБУНЕТИ ЗА ТОА КОЛКУ ЛУЃЕ СМЕАТ ДА СЕ ВОЗАТ ВО АВТОМОБИЛ
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во однос на пласираните информации во јавноста кои се однесуваат на ограничувањето на групирање на граѓаните во возила и употреба на заштитна опрема објасни дека не е донесена ваква препорака или одлука.
Но, апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање и носење заштитна опрема со цел заштита на своето здравје и здравјето на своето најблиски.
Наведува дека се забранува движењето на граѓаните на територијата на целата држава од понеделник до петок во период од 16:00 до 05:00 часот и за време на викенд од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделник.ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИТЕ ЗА ПОМОШ ЗА ФИРМИТЕ
Министерката за финансии Нина Ангеловска објави дека Владата ја изменила Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза, заради исплатата на плати за април и за мај.
„Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба“, напиша Ангеловска на официјалниот фејсбук профил.
Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место, вели Ангеловска.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Запира извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите, ама нема да запре пресметката на каматата на долгот што го имаат.
Кои се добрите вести за акционерите во „Макошпед“? Компанијата ја заврши годината со добивка од 389.000 евра, оствари приходи од дивиденди од 233.000 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





