ФАКТОР НА ДЕНОТ: Засега 48 заразени со корона, меѓу нив и дете, се тестирaaт 35
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2020
СЕ ЗГОЛEМИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД 19
Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека има 6 нови заразени со коронавирусот, со што вкупната бројка е 48.
За прв пат во Штип е откриен заболен од вирусот.
Се работи за девојче кое е инфицирано во Англија, соопшти Филипче.
„Семејството се вратило на 14 март, и било во домашна изолација, а на тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. Сега е во инфективното одделение со мајката“, рече министерот.
Другите случаи се во Скопје, и Гостивар.
Во Гостивар се работи за жена која се вратила од Швајцарија.
Се тестираат дополнително 35 лица, за што ќе има резултати.
Сите заразени се во стабилна состојба.Се тестираат родителите и бабата на детето од Штип кое е заразено со коронавирус.
„Земени се брисеви и се тестираат родителите и бабата на четиригодишното дете кое е заразено со коронавирусот“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Начинот на живот којшто го имавме досега нагло се промени, граѓаните се исплашени, дечињата исто така се исплашени и сите остануваат дома, по препораките на надлежните за заштита од новонастаната ситуација, односно за заштита од коронавирусот.
Женски магазин, контактираше со свои соработници низ неколку места од државата и ги праша, како се одвива сега животот во нивните општини.Двајца кумановци заработија кривична пријава откако Министерството за внатрешни работи утврди дека на се вратиле од земји со висок ризик па и покрај тоа што потпишале изјава дека ќе се самоизлираат, не седеле дома.
Триесет идеветгодишниот Н.Т. (39) и педесетгодишникот Н.К. двајцата од Куманово, се пријавени поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Петмина битолчани ќе платат глоби од по 2.000 евра, бидејќи не биле во изолација како што налагаат мерките од Владата.
Не само што излегле од своите домови, туку и се тепале со соседите, велат од Обвинителството.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Владата веќе донесе одлука за забрана на извоз на брашно и пченица од земјава, како дел од мерките поврзани со коронавирусот и заштита на граѓаните.
Покрај ова, таа ги задолжи Царината, во соработка со Министерството за земјоделство, во наредниот период да го следат трендот на извоз на рафинирано сончогледово масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи, односно тестенини, бисквити и слично.
Тоа значи дека ќе се внимава и на извозот на овие производи.Мерките за помош на економијата што ги понуди Владата се добри, ама недоволни. Ова е еден заеднички именител во ставовите на економските експерти, но и стопанствениците откако вчера беше понуден еден пакет мерки за поддршка, најмногу на погодените сектори. Професорката Никица Мојсоска Блажевски вели дека очекува други пакети поддршка, а сугерира државата да с еобврзе на брз поврат на ДДВ и евентуално да размисли за намалување на платите на јавната администрација.
Откако Владата вчера излезе со првиот сет економски мерки за помош на бизнисот полесно да ја преброди крзата предизвикана од коронавирусот, се појавија и првите критики за мерките, за кои генерално, се смета дека не се доволни.
Покрај забелешките, се слушнаа и предлози како Владата може да му помогне на стопанството, но и да се солидаризира со него во вакви тешки моменти.Се чувствувам добро, и покрај тоа што тестот покажа дека сум позитивен на коронавирусот, јас се уште немам никави симптоми, вели д-р. Арбен Аголи од Дебар, во телефонска изјава за Фактор.
Вицепремиерката Мила Царовска и се заблагодари на Комерцијална банка, јавно, затоа што предвреме ги платила аконтациите за данок на добивка за 2020 година. Тоа по неа, на фејсбук го стори и министерката за финансии Нина Ангеловска.
„Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор“, се вели во соопштението од кај вицепремиерката Царовска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.