03 Јули, 2024
0.0947

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застаре „Траекторија“, повлечени се обвиненијата против Груевски, Георгиевски, Пешевски и Јанакиески

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

ЗАСТАРЕ „ТРАЕКТОРИЈА“

По измените на Кривичниот закон, кои неодмана беа изгласани во Собранието, и за кои се крена голема „бура“, денеска од кривична постапка се спасуваат Владимир Пешевски, Миле Јанакиески, Љупчо Георгиевски и Никола Груевски. 

Со денешнат одлука запре кривичната постпака за случајот „Траекторија, а како што посочуваат од Основниот Кривичен суд Скопје, тоа е резултат на предлогот на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик.

- Имајќи го предвид предлогот на ЈО и измените на КЗ, Судот донесе решение, се запира кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ - рече претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков.

ЕВАКУИРАНИ СЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ОД ГАЗА

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Македонија татко и две деца, безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

- Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани - појаснуваат од МНР.

ВО ГАЗА ЗАГИНАЛЕ НАД 9.000 ПАЛЕСТИНЦИ

Нападнат e конвој амбулантни возила пред болницата Ал Шифа во Појасот Газа. Нападот е извршен со беспилотно летало, има загинати и повредени, јави Ал Џезира и Тајмс оф Израел.

Во најголемата болница во Појасот Газа се сместени повеќе од 5.000 пациенти и десетици илјади раселени. Претставник на болницата на прес-конференција побара меѓународна заштита за амбулантните возила.

Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф ал Кудра, изјави дека возилата превезувале меѓу 15 и 20 тешко повредени пациенти кои требало да бидат префрлени на преминот Рафах на границата со Египет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните имаат различни ставови за тоа дали една жена може во исто време да има успешна кариера, но и да се посвети на семејството.

Одлично се живее и се заработува од полнење на вода и производство на освежителни пијалоци. Тоа барем го покажа Билансот на успех на битолската компанија „Пелистерка“, која за првите три квартали од годинава прикажа трикратно зголемување на добивката, или за близу 200 проценти.

Шест лица ќе имаат можности да работат во нашата централна банка. На веб страната на Народна банка објавен е оглас за вработување со кој се бараат кандидати за неколку работни места. Притоа за дел од работните места вработувањето ќе биде на една година, а за други две години.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови