06 Јули, 2024
0.0770

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче беше на прва координација со пратеничката група на партијата. 

Филипче денеска ја одржал првата средба и координација со пратеничката група на СДСМ, за, како што соопштија од партијата, организирано и силно делување во македонското Собрание. Со оваа средба, се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.

На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.

„Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај граѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните“, изјавил Филипче.

СДСМ како што се наведува ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат.

Членовите викендов го избраа Филипче за нов партиски лидер. 

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

КАМЕРИТЕ ЌЕ ГО СНИМААТ ВОЗИЛОТО, А НЕ ТОЈ ШТО ВОЗИ: Затоа внимавајте кому му го давате вашиот автомобил

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете