06 Јули, 2024
0.3375

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Изградба на државни ветерници и на друг тип на капацитети за производство на струја е подобро решение отколку да се остават странци да градат ветарни паркови или други инвестиции, бидејќи со тоа граѓаните и државата повторно губат. 

Ова е накратко ставот на професорот Дејан Трајковски, од Техничкиот факултетот - Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. 

Трајковски во своето последно излагање на социјалните мрежи посочува дека енергијата од сонцето и енергијата од ветерот претставуваат примарни обновливи извори на енергија. Пирота дополнува дека нив ги претвораме во електрична со помош на фотонапонски електрични централи (ФЕЦ) и ветерни електрични централи (ВЕЦ). Двата вида на централи претставуваат непостојани извори на енергија, како на дневна, така и на месечна основа.

- Ниту ФЕЦ, ниту ВЕЦ можат да генераираат енергија 24/7 од очигледни причини, поради што како многу важна мерка за нивната способност за генерирање се користи таканаречениот капацитетен фактор, наречен уште и фактор на расположливост. Капацитетниот фактор, којшто секогаш изнесува помеѓу 0 и 1, претставува бездимензионален количник помеѓу вистински генерираната електрична енергија во текот на одреден временски период и теоретски максималното количество енергија во истиот период - укажува професорот. 

Понатаму во неговото излагање посочува дека „Македонија мора да гради не само фотонапонски (ФЕЦ) туку и ветерни (ВЕЦ) електрични централи. Бидејќи двата обвновливи извори добро се дополнуваат, постигнуваме еден вид природно балансирање помеѓу сезоните. Може прилично точно да се пресмета колкав треба да биде вкупниот инсталиран капацитет во ВЕЦ и ФЕЦ, врз онова на побарувачката за електрична енергија на месечна основа“.

Сепак, професорот додава дека како проблем остануваат дневните варијации на електричниот аутпут (излезната моќност) на централите и второ, пролонгираните периоди на намален аутпут од двата извори - на пример во јануари, кога има малку сончеви часови (поради магла), а истовремено нема доволно ветер.

- Атомските централи би го решиле и проблемот со централно греење во градовите, така што изградбата на когенеративни гасни постројки (да се потсетиме на „Митилинеос“) би станала депласирана и би можеле едноставно да ја прескокнеме.

Така би заштедиле и 500 милиони евра од унгарскит кредит, што владата сака да ги употреби за изградба на нови когенеративни гасни централи, што би претставувало вистинско фрлање пари во застарена технологија што набргу мора да се напушти. Централното греење пак, наместо од когенеративните централи на гас би можело да премине на топлински пумпи и ОИЕ.

Подобро би било тие 500 милиони евра кредит да се употребат за изградба на предложениот ветропарк кај Штип (тој што сакаат да му го отстапат на „Алказар Енерџи“) и една ПАХЕ, како трајно решение.

Тоа би претставувала вистинска енергетска независност и генерирање на сопствени приходи во македонскиот буџет, а не предложената зависност од странските директни инвестиции и лишувањето од сопствени приходи - заклучува професорот Трајковски. 

Еве го целосното негово објаснување:


Можеби ќе ве интересира

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Продолжение на неодамнешното пукање кај тетовската болница?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски за Судскиот совет вели дека нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

ГИР ЗА КОМЕНТАРОТ НА МИЦКОСКИ: Владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

БАГЕРИСТ ОШТЕТИЛ КАБЕЛ: Касарната во Тетово останала без струја и вода

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ДВАЈЦА НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Доаѓаат на местото на директорите Синиша Стојаноски и Бобан Николовски

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ИНТОНИРА МАКЕДОНСКАТА ХИМНА: Aрбр Адеми од ДУИ реагира на социјалните мрежи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

ПРОГЛАС ЗА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ: Албанската влада да ги заштити македонските права и слободи

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

НАСТАНОТ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА: Во Струмица имало oбид за киднапирање на тригодишно дете

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Никаде во Договорот со Бугарија не пишува дека мораме да го менуваме Уставот